До недела дена максимум. Умор, малаксаност, ама и не значи дека ќе имаш. Ќе видиш, нагло се симнува килажата, тоа се вишок течности првиот месец.
Ај сега уште ова и не замарам веќе за денес. Млеко, обично, тетрапак, може ли во кафе? Нес со млеко ми е маст хев, а ич не сакам заменски млека. Ама ако мора ќе продужам со бадемово и така 40 дена за пост го користев. Иако ми е не баш убаво. И каков кашкавал, сирење може да се користи. Пишува по нет котиџ чиз, ама не знам што точно тоа значи.
Ако продолжи да пиеш со кример да ти кажам кај мене у еден маркет моментално идат две тегли кофета за 82 ден
2 ден кето или лоу карб и ужасно се осеќам. Ми се повраќа, ми се врти, не можам да вежбам, нешто слично на симптомите што ги имав у бременост. Претпоставувам дека е кето флу... А не сум ни фул кето, внесов 30г јаглехидрати
нормално е. за некој ден ќе си ок. не вежбај сеа ако не ти е во ред. може да почека некој ден вежбањето.
За леб и за благо И да, очигледно ме фаќа криза кога не јадам доволно. Денес ми беше таков ден и сега морав да вечерам оти готова бев да почнам да гризам. За благо и така и така, се снаоѓам со кето благца, ама за тесто многу криза ме фаќа А иначе ми е убаво и вагата иде надоле, што прави уште поубаво да се осеќам. Чекам да симнам под 65 па ќе си дадам еден слободен ден, да се почастам. После пак наново
Има кето крекери, кога немаш време за леб да правиш. Друго, пробај со кето лепчиња поголема доза. Јас правев по 6 наеднаш и ги чував во фрижидер, и секој ден по едно јадев и доволно ми беше. Друго, можеш да си правиш чипс од рендан кашкавал и пармезан. Ставаш на хартија за печење, печеш на 200°, пушташ и вентилатор и чекаш да се растопи и да стане како чипс. Направи си салца и ете ти мезе. Кризи фаќаат само ако не си доволно јадена, а со кето навистина нема потреба да се изгладнуваш.
Дали крекерите се купечки? Ако да може ли линк? За лебот со бадемово брашно го правеше? И колку е тоа 1 лебче на ден, не е премногу?
Стартни 69, од Велигден наваму, значи некои 3 недели. -4, не се многу, ама па не ни сакам нагло да слизнам, плус и јас немам никаква физичка активност