Дај рецепт од лепчето плиз, јас едни правев како питуличиња излегоа, не ми беа баш баш. И ако е со бадемово брашно кажи од кај го купуваш
Те молам оди на пребарувачот во оваа тема, го има рецептот и како јас го правев. Малку го изменив, зошто оригиналниот не ми испаѓаше ко што треба. Инаку бадемово сама правев. Три ќесички бадеми, ги бланширам 30-тина секунди и одма ги ставам во ладна вода. Лупам и оставам на плех со хартија да се исушат 1-2 дена. После во мултипрактик мелам и просејувам низ цедалка. Инаку мислам дека имам цела лименка псилиум хаск, треба да проверам. Али ако имам и ако сакаш, ќе ти ја поклонам
Не јадеш јаглехидрати и шеќери, туку протеини и масти. Ок е, во принцип не си гладна никогаш, ако јадеш како што треба а не како мене, малку па ич некои денови. И пак се толку, не дека ќе ослабам повеќе со ич нејадење. Ме фати еуфоријата кога ја видов вагата вчера и мн бев умна, вечерав во 7, спанаќ со јајце, а кога дојдов од работа, бидејќи ме копаше желудникот за храна изедов две кругчиња пилешки гради и два листа кашкавал. Па си легнав. Нарциске го најдов рецептот, ако решам да го правам ќе те барам
Девојчиња кога стагнирате дали правите cheat day за да тргне работата после тоа или превземате нешто друго? До сега изгубени 3-4 кг ама застана вагата на тие кг, а имам многу за симнување…
Јас сум моментакно на чит период а вагата стои на 65. Нема мрднато еве веќе 4-5 дена. За надолу, не оди надолу. Чекам да добијам и се враќам назад
Да ви се придружам и јас на темава. Веќе подолго време приметувам дека јаглехидрати, посебно брзите шеќери, негативно ми влијаат на целокупната здравствена состојба, психичи и физички. Зависна од чоколадо Се одлучив да направам промена. Прво се преиспитав колку јаглехидрати внесувам, па испадна сигурно околу 150-200 на ден, ако не и повеќе. Постепено почнав да намалувам, за да стигнам до отприлика 25-50 јаглехидрати на ден. Веќе 3 недели сум на кето исхрана. Не очекував, но уште првата недела осетив позитивна разлика. И физички, полесно чувство во стомакот, без подуеност и грчеви, спласнат. И психички, поенергична, и не се претворам веќе во ѓавол ако нема чоколадо За среќа немав keto flu. Ќе видиме како ќе оди понатака. Од јадења, омилени ми се wraps од марула. Лист од марула наместо тортиља. Полнам со различни работи (кашкавал, шунка, јајце, зеленчук. Или крем сирење, пушен лосос и рукола. Или туна од конзерва со капари, кисели краставички и малку мајонез. Или сирење и патлиџан, итн итн..). Идеални за на работа. Спојлер: Wrap И кога ми се јаде благо (што сега е реткост), омилен ми е мус од лимон. Со крем сирење, неутрална хопла (без шеќер) и сок + малку сируп од лимон (и тој без шеќер). Heaven И неколку други рандом оброци (палачинки, мусака без компир, мафини и сл) Спојлер: Слики