Може кето благо За повеќето рецепти ќе ти треба накаков вид на засладувач како замена за шеќер. Рецепти има многу, на пример нешто од овие https://thebigmansworld.com/keto-desserts/ Мене најбрз лесен и вкусен десерт ми е мусот од лимон што го пишав на претходната страна. Неколку други оброци од претходните пар недели, да размениме идеи Користам зеленчук како замена за тестенини, ориз, компир и сл. Зачините го даваат вкусот на јадењето, што замената на намирниците дури не се ни приметува. Спојлер: Слики Печен зеленчук, кобасица и портобело печурка со сирење Лепче од псилиум хаск, хамбургер со помфрит од рутабага или целер Сендвич со маринирана буковка Карпачо со рукола и пармезан Кокос колач со мус од лимон “Макарони” од ситно сецкан карфиол со домашен болоњезе сос Кинески nasi “ориз” - ситно сецкана брокула наместо ориз, со кинески зачини, зеленчук, месо и сос од кикирики “Тестенини” таљатели од бел аспарагус или тиквичка, тенко исечена во бел крем сос
dozvolen e jas sum od 4 april na keto dieta od 4april do sea od 76 do sea namaliv na 63kg ima edna stevija vo zegin so 5g jaglehidrati jas ja koristam malku se stva zatoa sto nema da ti bide vkusno so mn ke prikacam slika od stevijata toa e vestacki zasladuvac zamena za seker i nemoze da izlezes od ketoza isto taka ima i lenti voa pteka panovski koi pokazuvaat dali si vo ketoza vo skopje e taa apteka a ima i na ali ekspres se vikaat keto stiks
Ми правиш стрв со сликиве кажи ми дали губиш килограми? Две недели сум на кето, ама поради мали грешки изгледа испаѓам од кетоза. Дали вака нешто го правиш мусот од лимон? Фала многу. Едит: сега гледам дека си го опишала мусот на прошлиот пост.
До сега 3-4кг за околу 7 недели. Немам многу вишок, па не оди претерано брзо. Идеално би сакала уште -2кг пред да почнам постепено пак да внесувам повеќе јх за неколку недели. Ако си на строга кето, пробај одреден период да ги запишуваш хранливите вредности на тоа што јадеш, колку да стекнеш претстава колку јх има во одредена грамажа. Пример цреши, во 100гр се околу десетина цреши, а тоа се веќе 20-25гр јх. Секако битно е и колку калории внесуваш. Во мусот за 5-6 порции ставам отприлика: 200 гр крем сирење или рикота или маскарпоне 200 гр шлаг (незасладена хопла) 1 лажица цеден лимон Од око, околу 1 лажица сок за растварање од лимон без шеќер (пр. Teisseire 0%) Може и со друг вкус да замениш, јагоди, шумско, тропско овошје… што сакаш.
Ко што напишав во друга тема не држам строго кето. Бидејќи сум на крај на бременост ми рекоа да откажам јаглехидрати колку можам па мешункасти растенија ми се дозволени + овошје во ограничени количини. 2 ден Д: кокосово млеко со какао У: Праски Р: Печено сирење во рерна + салата В: пржени тиквички со кашкавал
Одамна не сум пишала. Неколку слики од оброци од изминативе месеци, колку за инспирација. Фокача Спојлер Сарма од блитва, со мелено месо и зеленчук (печурки, тиквица итн.) и павлака Супа од блитва со лосос Flamkuchen “Пица” Wrap со јајце, шунка и авокадо Потпечено кето лепче со гвакамоле и јајце “Макарони” карбонара од карфиол “тестенини” од тиквица со болоњезе
Пире од карфиол со пржена сланина и ендивија Колачиња од брашно од бадем Чиз кејк (со колаче како основа и мус од лимон) Мус од авокадо со ракчиња Кари со “ориз” од карфиол
Здраво и јас сакам да започнам со кето диетата но не знам како. Не сум доволно сигурна во себе и мислам дека брзо ќе се откажам. Како ви оди вас лесно ли е има ли што да се јаде и како сте со резултатите?
Здраво, доколу некоја од вас има правено бадемово брашно ако може да сподели како го прави? Плус и рецепт за кето леб би бил од корист .