15 дена на кетогенска диета - резултат никаков. На 16-от ден имаше 500 гр. помалку од вообичаено, ок да, знам дека и тоа не се брои но ете барем покажа нешто на вагата. Како и да е, треба многу да се внимава колку се внесува.
Од 10 до 14 дена потребно е телото да влези во кетоза па тек после се гледат резултатите. Резултати после 20 дена.
е ај, еве денес ми е 20-тиот ден, се' на се' сум симнала 500 грама. А да не спомнувам дека воопшто не се прејадувам, мислам дека не е до кетотот туку до метаболизмот на секој
Кето магично нема да те ослабе доколку не си во калориски дефицит. Единствена предност е што не внесуваш јаглеходрати кои задржуваат вода во телото. Исто така зависи од тоа дали имаш физичка активност, како пешачење, тежински тренинг и итн. Доколку овој начин на исхрана ти е исцрпувачки со оглед на тоа што не јадеш одредена храна, би ти препорачала да броиш калории и да јадеш се, што би ти дало исти резултати. Предноста кај кето диетата е што протеинската храна заситува повеќе, за разлика од јаглехидрати и исто така согоруваш повеќе калории со неа за време на дигестија. Се на се може да зависи од многу работи а и резултати за 20 дена и баш не можат да се приметат особено ако ти е само да изгубиш неколку килца за да стасаш до идеална килажа и немаш многу вишок.
Калориски дефицит е она кое поттикнува слабеење, внесуваш помалку од колку што е дневниот референтен пропис. Битно е и колку имаш физичка активност и каква. Во однос на кето наспроти јгх ти одговориле погоре веќе. Пробај да бидеш и во калориски дефицит.
so keto se slabee najvalitetno, imalo i kapsuli sto ubrzuvaat proces i se topite, ama kaj nas ne moze da se kupat za zal
Ја почнав кето на 1 август Тогаш се мерев 75.9 бев Денес,9 септември 70.0 Бројам калории и јх плус неделно 2/3 пати физичка активност -трчање,теретана или скокање јаже Ќе продолжам уште еден месец па ќе пишам апдејт Ако се 5кила Се приметува,и стомакот намален,нозе,раце,задник Плус што немам поддувување цел месец
со ун диета се стопив визуелно. На килажа не толку бидејќи бројката во споредба со висината ми е константно во граници на нормалата ама обемот ми е секогаш проблем. Е сега јас за вежби малку нема време ама сум во движење во број на чекори Сега сакам да применам кето режим бидејќи од основните податоци кои ги знам сметам дека е најдобар начин за слабеење без некои ограничувања
Дали смее томи мајонез и јајца? Дали количински е доЗволено колку сакаш ? И од зеченчук што е забрането?
Јас јадев насабајле три јајца,50 грама сирење и кесе мајонез-томи или полимарк Се сецкав и мешам како мајонез салата пошто сум фан на тие крем салатите и ептен ме заситуваше
Дали некој од вас што ја применувал диетава е 0 крвна група? Мислам дека тие со нулта многу побрзо би требало да дојдат до резултати.
Што освен јајца појадувате во кето? У суштина и ненамерно јадам според кето остатокот од денот, но сега сакам да почнам целосно но голем проблем ми е што не јадам јајца
Ни јас не поднесувам јајца, веќе 5ти ден сум на Кето и првиот ден појадував јајца но веќе следниот ден не можев да ги смислам. Истовремено со Кето правам и пост од 16 часа, па со оглед на тоа што немам доручек директно ручам или кебапчиња со салата, или пилешко со салата, друг ден риба, друг ден црвено месо со салата и така комбинирам. Јас скроз ги елиминирав јаглехидратите првите два дена имав главоболка, но веќе денес се чуствувам многу подобро и посвежо,ако ми се јаде благо, пијам кока кола зеро,исто така вода пијам по 3 литри на ден. Предноста на диетава е што не чуствувам глад благодарение на протеините во исхраната,исто така не се чуствувам вопшто надувано како што беше случај кога внесував јаглехидрати. Диетава е идеална за 0 крвна група, бидејќи ние подобро ги поднесуваме протеините од месото за разлика од другите крвни групи. Имам план да ја држам диетава до крај на декември па ќе пишам резултати.
Сите што сме крвна група нула се дебелиме највеќе од јаглехидратите и скробот,се што содржи брашно,шеќер,глутен како и млечните производи,грав,компир треба да ги избегаваме.Јас нагло се од тоа прекинав и многу брзо влегов во кетоза си земав и лентички за мерење на степен на кетоза ги има на Али Експрес. Телото прво ја троши останатата глукоза од крвта и кога ќе ја потроши цела почнува со трошењето на масните наслаги како енергија и тоа е всушност процесот на кетоза. Не се обесхрабувајте од симптомите односно таканаречениот кето грип како пад на енергија,главоболка,поспаност,омалаксаност. Сето тоа ќе помине додека телото се прилагоди на новата состојба.