Ќе мораш прво да ја средиш исхраната и после можиш да ги користиш кето таблетите али би ти препорачал да не ги користиш пошто се штетни за желудникот и бубрезите.
дали имаше некои несакани ефекти? некои здравствени проблеми ? и дали се врати на нормална исхрана дали се вратија дел од кг или таа треба да биде засекогаш ?
Здравствени проблеми не но може да се случи да опаѓа косата повеќе од нормално, може да земаш витамини Биотин помага за косата, исто можеш да земаш витамин Б, Ц, Д, магнезиум, калциум,омега 3. Не постои начин или диета што ти гарантира откако ќе престанеш да ја држиш да не ги вратиш килограмите, дури и да го скратиш желудникот пак можеш да го растегниш, се си зависи од тебе, ако завршиш со диета и почнеш не здраво да се храниш и во големи количини внесуваш храна нормално дека пак ќе се поправиш, ама не значи дека цел живот треба на диета да бидеш, само пази повеќе што и колку јадеш. Дали јас ги вратив Кг? После 2 бремености Да
Здраво девојки, имам неколку прашања за вас, што имате позитивно искуство со кето. После колку време може да очекуваме резултати? Исто имам читано на други форуми дека додека се на кето исхрана, пијат понекогаш кока кола зеро. Може ли некоја од вас што има добар ефект од кето да сподели, дали пиеле кола зеро. За колку време може да влеземе во кетоза? Доколку немаме кето флу, по кои други симтоми може да се познае дека сме во кетоза.
Кокаколата зеро содржи стевиа а стевиата го вади телото од кетоза. Несмееш хидрати да внесуваш,фактички хидратите ги заменуваш со масти. Телото влегува во кетоза за 12 дена. Првите 3-4 дена се осеќа пад на енегијата,лош здив, се осеќа таканаречен кето грип. Резултатите идат во зависност од телото и од тренинзите.
Како препознавате дека сте влегле во кетоза? Дали има кај нас стапчиња за урина кои покажуваат кога сме во кетоза?
Наводно имало во зегин. Ако си сигурна дека внесуваш под 20грама нето јаглехидрати (влакната не се бројат во јаглехидрати, пример чинија брокула 10гр јаглехидрати, 7гр влакна = 3гр нето јаглехидрати) на ден за три до пет дена си во кетоза. Egg fast е исто начин за брзо влегување во кетоза.
Преку myfitness pal можам да калкулирам? Битни се калориите? Првиот пат кога бев на кето, ептен снемав енергија после некој ден,читав дека е тоа “keto flu” и ако се преброди,после е лесно. Епа јас се подисплашив и застанав. Што е egg fast?
Egg fast се прави ако си застранил од режимот или стагнираш со тежината. Се јадат јајца - пржени, варени, печени, за секое јајце лажиче(15грама) маснотии - кокосово, путер; плус сирење/крем сирење/кашкавал, но не повеќе од 30гр по јајце. Минимум 6 јајца на ден. Калориите кај кетото не се толку битни додека не дојдеш до финалниот стадиум на 3/4кг вишок. Т. е. не јади по 4000калории ама не и по 1200. Да со фитнеспал можеш да искалкулираш јаглехидрати. Во главно читај етикети и изгуглај најниско јаглехидратни храни. Изборот периодов е поголем од што мислиш. Пример: јагоди, малини, боровинки, брокула, боранија, прокељ, спанаќ, зелка, карфиол, авокадо, домат, кратавица, тиквички, модар домат итн. Млечни производи со мнооогу читање на етикети заради додадени шеќери и растителни масти, мевца незапакувани готвени на путер итн итн итн.
Дали би сакале да споделите како изгледа ваше еднодневно мени не ми е јасно како да се комбинираат оброците дали има некои правила или самоволно според дозволена храна
@Noemi @vectra20 Пошто гледам имате познавање од диетава, ми треба една консултација со вас. 10 дена строго кето, сабајлево мерам шеќер и тоа на гладно и се запрепстив кога ми покажа 10. Никогаш не бил толку. Од 4.5 не мрднал со години! Што може да е причинава ?? Дали затоа што имав два cheat days? Ама толку да скокне бе? Сега ми е страв.. Внесував 30грама јаглехидрати овие денови, го шокирав организмот изглеа ... со пченка,чоколадо и парче пица.
@Chanell* 10 дена строго кето без воопшто јаглехидрати? 25-30грама се дозволени во кето, јади секојдневно до толку. Кога последен пат имаш јадено пред мерење шеќер? Не мислам дека резултатот ти е реален, почекај ден два нормализирај си го хранењето па измери пак. Не скокај на 10 дена кето па cheat со јаглехидрати, на телото може да му требаат до 4 дена да влезе во кетоза, а со чиит на 10дена сиот труд ти е залуден. Ако не можеш да се придржуваш до 20/30гр зашто реално е престрого, пробај барем до 50гр, може така ќе издржиш без читови. Јаглехидратите го качуваат шеќерот тоа е факт, а нагла конзумација на поголема количина јаглехидрати довела до висок разултат. Моја претпоставка, не сум медицинско лице.
@Noemi 30грама јх внесувам секојдневно. Знаев дека со чиит ќе ја зезнам, ама.. бидна веќе. Јадев 12 ноќта и сабајлето во 10 мерев шеќер. Денес мерев пак 5.1 ми е. Таман. Многу ми е “претеризам” што и доматите имаат висок процент јх, па ептен сум ограничена со зеленчукот. 50гр не звучи лошо ќе пробам така.
50грама ти е пак low carb high fat, а и мислам дека немаш премногу килограми за симнување веќе за да држиш строго кето. Инаку Џеј Ло прави предизвици со 0 јаглехидрати 2 недели
@Noemi Изглеа само од јајца живее Ќе пробам со 50гр од утре. Три дена се опуштив веќе. Ми фалеше овошје па надокнадував. Вака со 50гр ќе вметнам и некоја овошка во ужинките, сеа ќе разгледам на мај фитнес пал Немам многу за симнување, јас сум и повеќе од задоволна со сегашната килажа, но сакам уште маааалку Барем 65-6 да дојдам.