Форумџика на годината

Кетогенска (кето) диета

Дискусија во 'Диети' започната од Mary88, 30 мај 2019.

  1. Puellapulchra

    Puellapulchra Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.086
    Допаѓања:
    10.403
    Пол:
    Женски
    Ја држел ли некој оваа диета? Има ли ефект за слабеење? Дали тие кг лесно се враќаат?

    Јаглехидрати не се јадат само? Шеќер може? И дали е ограничена на калории?
     
  2. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.831
    Пол:
    Женски
    Како дали може шеќер ако се ограничени јх?

    Јас прв пат ја почнав неделава затоа што налетав на превкусни јадење на еден профил на инста.
    Искрено мислев дека ќе бидам гладна затоа што леб не се јаде ама шокирана сум дека со два оброка дневно без леб јас сум сита и воопшто не размислувам на храна.
    За три дена минус 1кг. Сега во недела ќе се мерам пак да видам што сум направила за 7 дена.
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  3. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.831
    Пол:
    Женски
    Не можев да чекам недела, сабајле се мерев- минус 2 килца за само 5 дена.
    Кас обично симнувам едно па го качувам и така у круг.

    Петок постам и мислев ќе ми биде проблем ама не, јадев туна со салата.
    Потоа си јадев на два пати салата со рибји прсти/стапчиња иако не сум фан ама убаво доаѓа за промена.

    Денес за доручек си имав направено солен ролат кој беше превкусен- јајца матени со изрендана тиквичка и испечени во рерна како пандишпан. Филував со павлака, кашкавал, чадено пилешко, и марула. Го јадев во комбинација со шопска и ме дежеше до 20 часот.
    Сега каснав омлет со препеченица и павлака.

    Воопшто не сум гладна а храната е превкусна.
     
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.606
    Допаѓања:
    186.573
    Пол:
    Женски
    Првиот месец го исфрлаш вишокот течности, а губењето масти почнува после тоа. Да не се разочаруваш ако имаш некое време стагнација или поспоро ги симнуваш килограмите, скроз нормално е тоа.
     
  5. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.831
    Пол:
    Женски
    Знам, знам со секоја диета прво оди вишок течности па после салото.
    Само сакам да кажам дека претходно одев 1кг минус па го враќав па го симнував па го враќав. Затоа пријатно се изненадив дека за помалку од недела има две кила минус, и да оди побавно пресреќна сум затоа што не ми е оптеретување храната и навистина не си гладен.
     
  6. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    @simoncelicius те молам сподели го инста профилот, може ќе најдам инспирација и јас. :$
     
  7. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.831
    Пол:
    Женски
    Ket0nac.
    Boris Mitrovic -значи тоа крем салатите што ги прави.
    Или па оние како суши ролс ама кето верзија. :mm:
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Фала ти. Ќе пробам да комбинирам и да терам некоја моја ''веге'' кето, па да видиме резултати (fingers)
     
  9. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.273
    Пол:
    Женски
    Дали од некаде следите некои лесни рецепти за кето диета? Некако и доручек и ручек и вечера со готвење ми доаѓа многу. Сакам барем доручек да е набрзинка.
     
  10. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.831
    Пол:
    Женски
    Ете погоре е даден профилот.
    Има прелесни оброци и многу избор на крем салати кои се спремаат за 10 минути а се комплетен оброк.
    Ке си планираш однапред и ке имаш барем нешто спремно за да можеш после да искомбинираш.

    Приклучи се во групата на инста
    ( имаш линк на самиот негов профил), сега бидејќи е пост сподели два рецепта од неговата книга.
    Има и неколку посни варијанти на профилот.
     
    Последна измена од модератор: 23 март 2025
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  11. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.831
    Пол:
    Женски
    Јас дојдов на темава само да јавам дека последната салата на профилот на кетонац е фантазија.

    Сирење издробено, што покремасто тоа подобро, младо кромидче, павлака и малку мајонез.
    Препрепревкусна и кремаста.
     
    На Снегулк@23 и Manako2 им се допаѓа ова.
  12. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.831
    Пол:
    Женски
    Интерконтинентал салата од Кетонец
    Ајсберг (ставив марула), варено стекче, пилешка шунка, кашкавал, печурки, зачини, павлака и мајонез.
    Превкусна.
    20260126_112845.jpg
     
    На Manako2 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.357
    Допаѓања:
    33.729
    Пол:
    Женски
    Ја почнав диетава пред 1 недела, во комбинација со калориски дефицит. Првенствена цел не ми е губење килограми, според бми сум со нормална тежина, иако некое килце не е на одмет. Ми смета салото на стомакот што го добив после две бремености и година и пол континуиран внес на теста за доручек.
    Првиот ден поминав океј, вториот и третиот мислам дека ми се тресеше душата за тесто, се препотував, се чувствував како да имам црна дупка во главата. Четврт ден од сон ме разбуди гадење, ужасно тресење на рацете, препотување, страшна тахикардија. Сфатив дека сум во хипогликемија и се напив околу 100мл сок од портокал, за 5 мин се рестартирав како ништо да не било. Истиот ден за ручек каснав малку компир.
    После тоа 3 дена пак исфрлив јх и овој пат сум многу подобро. Се трудам да пијам вода колку што можам повеќе, за вечера покрај салата си правам пола коцка од супа во чаша вода за да внесам електролити.
    Од денес почнувам со вежбање и во план сум доколку ми е тешко да се префрлам на low carb.
    Во секој случај се чувствувам предобро, сонот ми е поцврст, сита сум иако не јадам количински многу, стомакот ми се издува буквално, скинати 3кг, вода најверојатно.

    Е сега, во план сум да терам дури почнат Велигденски пости (за 3 недели), бидејќи ни во лудило не би се согласила да правам веган кето, ќе одам само со калориски дефицит и обид за low carb или барем да не внесувам шеќери со висок гликемиски индекс.
    Од тие што имате искуство, дали веднаш би имала јојо ефект?
    Дали смеам малку млеко во кафето?