Баталете кето диета. Кето диетата не е супериорен начин за слабеење во однос на било која друга диета, а воедно има многу здравствени мани недостатоци. Основно нешто на кое треба да се фокусирате е Калориски Дефицит и сооднос на макро нутриентите. Кога телото е во калориски дефицит слабееме , акога сме во суфицит се дебелееме. Значи не мачете си го телото и умот мислејќи дека тоа е единствениот начин. Физичка активност 3 пати неделно + Калориски Дефицит = Слабеење. Изгуглајте или побарајте на youtube, имаше еден дечко, секој ден јадеше од McDonalds и беше во дефицит и за 1 месец изгуби 7kg, така да сето тоа додека влезеш во кетоза и ред други работи околу кето паѓа во вода како супериорен начин на слабеење.
Кето диетата е за напредна екипа и за луѓе кој немаат домашни обврски пошто таја диета неможи секој да ја издржи. carb cycle засега нај докажана диета. Секој сам треба да си создаде диета спрема неговите дневни физички активности. Никој неможи да знај колку калории троши неговото тело пошто бројката се менува секој ден но зато можи да се следи напредокот на секој две недели. На секој две недели се намаливат калориите од хидратите и се следи напредокот на телесната тежина. Доколку нема промена,прво проблемот се бара во храната а тренингот останува ист.
Здраво, втор пат сум на режимов на исхрана после цела година, и овој пат ми оди многу потешко од првиот пат. Веќе сум на режим 3 недели но резултатот не е ист како кога ја држев пред 1 година, тогаш задржаните течности и салото се топеа побрзо. Почнав со истата килажа како и лани. Дали тие што имате искуство со диетава може да споделите некои трикови за побрзо да согорува телото ( освен со физичка активност) и дали некој од вас применувал полнење со јаглехидрати после извесен период во режимов, како што се препорачува во некоја верзија од диетава, за да се поттикне телото да согорува побрзо? Поздрав,
Полнење на хидрати е потребно на 2 или 3недели еднаш да направиш. Чим немаш доволно резултати, или внесуваш повеќе хидрати одколку треба или премногу масти внесуваш, бидејќи е на high in fat режимов. Внимавај 1гр масти има 9 калории. За хидрати не внесувај повеќе од 40-50 грама дневно и ограничи калории за да слабееш, односно потребен ти е калориски дефицит, инаку неможеш да слабееш.
Дневно внесувам 1200 калории, некогаш и помалку. Според апликацијата MyFitness Pal секогаш внесувам помалку од 15% ј.х. 70% масти и 20% протеини. Многу ли се тоа 70% масти? Треба да ги намалам? И ако се одлучам со полнење со јаглехидрати кои опции може да ги изберам? Junk food или поздрава варијанта?
Сведи на 5-10% хидрати, многу е 15% тоа те вади од кетоза. Масти намали и зголеми протеини на 30-35% . И друго , да не внесуваш случајно многу сол од храната па да ти држи вода? Во врска со полнење на хидрати, можеш junkfood, психички да не ти тежи. И онака е полнење дали со здрави или нездрави хидрати и шеќери , само ќе ги полниш резервите нема да оди тоа во масно ткиво. Телото има резерви да складира околу 550гр хидрати што е еднакво на 2400калории само од хидрати. Од 1 ден ништо нема да ти е.
Здраво. Може ли помош околу броење калории? неможам да се санјдам со ова апликацииве на моб... како до 1500 калории да знам дека сум внела? еве дајте пример се што е максимум до 1500 ??
Па внесуваш се што јадеш..го бараш јадењето во search..внесуваш колку грама од прилика јадеш и тоа е тоа, ти пресметува до кај си. Сеа по пдделно не ми текнува на памет што колку калории има. Јас конкретно не држам кето моментално, немам време треба многу замарање. Наутро јадам овес или јајца, вечера ми е урда или овошен јогурт со јатки, а ручекот или месо/риба или некоја чорба/манџа да не е само сува храна.
Ке ги намалам јаглехидратите, Инаку сол не ставам дополнително на ништо, освен што јадам јаткасти плодови понекогаш повеќе од една шака. Можно е доа да ми прави задржки?
Не, не би требало тоа да прави задршки...пробај намали хидрати и масти и зголеми протеини...и види за 1 недела како ќе реагираш.
Незнам што вие на сите што сте се опседнале со разноразни диети(не смејш ова смејш она), за краток временски период до врвни резултати!..Ке дојди период ко ке ви се смачи и пак ке се вратите на истата килажа пред сите тие диети што сте ги правеле..Повеќе вода,протеини, намалете на јагленихидрати и одете вежбајте 4 дена во неделата по мин 30м..Со седење дома и барање на интернет диети тешко кој успеал и си го задржал ефектот на подолг временски период од 1 лето! Не ме хејтајте ако нема некој исто мислење..Позз
Се мислев дали да направам полнење, до денес сум 22 дена на кето без ниедна грешка, а килограмите стојат. Во обем сум намалена но сакам и бројките на вагата да паѓаат. Во некоја статија читав дека полнење не треба да се прави 40 дена доколку сме на почеток. Совет некој дали да издржам уште 20 дена или викендов да си си каснам нешто?
Ако јадеш викендив, вметни и фастинг, побргу ќе ги испразниш резервите со гликоген и ќе влезеш во кетоза.
Јас секако сум на фастинг+ кето некогаш намерно. некогаш ненамерно, но ете ми оди споро. Има ли кај нас од тие траките за мерење на кетоза? Барем некако да мерам да знам дали воошто влегувам во кетоза. бидејќи овој пат не ме фати ниту кето грип. ниту главоболка, ниту имам метален вкус. Само што апетиот ми е многу намален и немам потреба за благо.
Прашај по аптеките..јас од на интернет нарачував... Ама пробај намали уште на хидрати. Или еден ден скроз исфрли..види како ќе реагираш.