Кетогенска (кето) диета

Дискусија во 'Диети' започната од Mary88, 30 мај 2019.

  1. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.778
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да ја разберам кето диетава ...што од месо поточно се јаде?
    Од зеленчук ?
    Што е забрането?
     
  2. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Машки
    Забранети се јаглехидрати, односно сите производи кои содржат јаглехидрати. Од месо се можеш, од зеленчук не компир ориз.
     
  3. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.778
    Пол:
    Женски
    Јогурт ? Сувомеснати ?кашкавал? Сирење?
     
  4. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.016
    @Justicija

    Јогурт, кашкавал, сирење се протеини, значи можеш. Исто и јајца. Сувомеснати, такви ко што се на македонскиот пазар, :shake:. Читај состав, ако имаат над 90% месо во состав, во принцип можеш да ги јадеш. Но, поверојатно е да имаат повеќе соја отколку месо. Исто и за паштетите.

    Ако веќе јадеш месо, нека биде во најчиста форма, парче месо.

    Јаглехидрати се: леб, тестенини (банички, буреци, пици), житарки (пченица, ориз, јачмен и сл.), овошја со висок процент на шеќер, ко банани, јаболки, круши (реално дозволени се боровинки, малини, капини, јагоди и сличните на нив, авокадо, лимони), зеленчук со висок процент на шеќери (компир, моркови, цвекло), мешунки (грав, леќа).

    Имаш поголем избор на зеленчук што е дозволен како на пример: тиквички, краставици, пиперки, листест зеленчук (марула, рукола, блитва, спанаќ и сл.), карфиол, броколи, зелка, боранија, домати, чери доматчиња, модар патлиџан, лук, кромид, целер.

    Дозволени се и сите јатки: ореви, бадеми, лешници, бразилски ореви и сл. Со нив внимавај на количините.

    Тоа на кратко. Набројаните продукти се само дел, она на што се сетив во моментот, најосновните, колку за ориентација.
     
    На Kom.pot, Marija 1999, Justicija и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.778
    Пол:
    Женски
    @do-re-mi ти благодарам за долгиот пост :)
    Некако ми е чудна толку многу мрсна и млечна диета :D
    Уште неколку прашања ако може :)
    Дали масло е дозволено и кое? Дали сојата е дозволена ?
    Дали кока кола зеро е дозволена?
     
    На Marija 1999 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    1.103
    Кока кола зеро од време на време, можеш маслиново масло, кокосово исто. Соја не смееш. Треба соодносот да ти биде 75% масти, 25% протеини и 5% јаглехидрати.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.016
    @Justicija , точно така. Кето диетата е високо рестриктивна за јаглехидрати (до околу 50 гр. дневно) т.е вклучува внес на масти и ограничен внес на протеини.

    Имено, основниот механизам на кој се е заснова истата е доведување на телото во состојба на кетоза, кога телото како основно "гориво" т.е извор на енергија почнува ги користи мастите. Во нормална состојба (кога внесуваме и јаглехидрати) прв извор на енергија за телото е глукозата (тоа е финалниот метаболит на секој јаглехидрат, односно сите јаглехидрати - моно, ди и полисахариди се разградуваат до глукоза). Кога ќе ја исклучиме , телото по извесно време посегнува по масните резерви за да се одржи во функција, т.е црниот дроб почнува да ги разградува мастите, започнува кетогенеза во која се ослободуваат кетони. [Всушност, процесот е далеку посложен, но во интерес на темата, да не должам].

    Лично мој став е дека било која диета што исклучува некој од макронутриентите (јагленихидрати, протеини и масти) не е балансирана и соодветно, не е добар избор на подолг период, уште помалку ако биде усвоена како начин на исхрана и животен стил(. Но, факт е дека кетогената диета и сличните (хроно, палео, LCHF, Аткинс) даваат видливи резултати кај луѓе со поголем вишок на килограми, не само естетски, туку и здраствени.

    Ако ти се гледа чудна, размисли, можеби и не е за тебе овој тип на исхрана. Зависи што сакаш да постигнеш, која ти е целта, каква ти е здраствената состојба. Диетата е контраиндицирана за диабет тип 2.

    Да се вратам на темата. Во основа, би требало сите масти да се дозволени. Но, не сите масти се препорачливи (широка е темата за транс масти и омега 6). Кога јас би се хранела вака, би користела ладноцедено маслиново масло (за салати) и путер и кокосово масло (за готвење). Убави се сусамово и масло од авокадо, но јасен ми е и економскиот аспект.

    Рафинираните масла (сончогледово, пченкарно, од репка) би било добро да се избегнуваат. Не само за диетава, туку и генерално. Ако веќе мора, тогаш да се користат на минимум, не за deep fry. Грил тава би завршила убава работа (за подготовка на месо и зеленчук).

    И последното прашање, газираните сокови. Во принцип zero верзиите на Кока Кола, Пепси итн. се дозволени затоа што имаат 0 јагленихидрати. Но, не би ти ги препорачала од друг аспект. Како основен засладувач во нив се користи аспартамот. Бројни студии ги обработуваат ефектите на вештачките засладувачи врз човечкото тело.

    Дозволени пијалоци во кето диета се: вода, незасладени кафе и чај, минерална вода, протеински пијалоци.
     
    На VedaG10, 1209, Justicija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.778
    Пол:
    Женски
    @do-re-mi какво образложение воов :D:handshake:
    Едно не ми е јасно , штом е протеинска диетава , и да кажам мрсна зошто да не се користи сончогледово масло ? Или свинска маст ? Во нив нема јаглехидрати ..
    Знам дека поентата ти е иако е протеинска сепак да се внесува што поздрави продукти отколку нездрави , но моето прашање е дали све што е без шеќер и јаглехидрати може да се јаде или има плус продукти што не се дозволени ?
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.016
    @Justicija добро си разбрала. Можеш и свинска маст и сончогледово масло. Чисто од аспект на диетата, принципот ќе биде запазен.

    Реков дека е препорака и личен став. Си имам проблем со рафинирано сончогледово масло и другите масла добиени по пат на хемиска естракција во процеси што вклучуваат високи t (алудирам на транс масти. И маргаринот е тука.) :D Ладноцедено сончогледово е петка.
     
    На simoncelicius и Justicija им се допаѓа ова.
  10. Marija 1999

    Marija 1999 Активен член

    Се зачлени на:
    16 април 2020
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Прекрасен одговор..Ви благодарам

    Дали е ефикасна диетава? Сакам да ја пробам
     
    Последна измена од модератор: 17 април 2020
    На Bela Vela му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    578
    Пол:
    Женски
    трет ден сум на диетава и веќе ми се појави метален вкус во уста:^)
    Нормално е или не
     
    На babybubu му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    1.534
    Normalno e, isto taka ke se pojavi i los zdiv, toplo ladno odvreme navrene, pospanost i posle nema da imas maka poso ke se navikni teloto.
     
    На Emilija97mk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.778
    Пол:
    Женски
    Прашање до тие што ја држеле кето диетата
    Дали има фази ? Дали цело време може да се конзумираат јаготки и боровинки ?
    Дали може да се користи сончогледово масло ?
     
  14. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.778
    Пол:
    Женски
    Ај ве молам кажете ми што поточно да купам
    Бев во продавница , и разгледував кулен и во неговиот состав пишеше 0,4 шеќер , 0,2 јаглехидрати , а нели не смее да има воопшто шеќери и јаглехидрати ?
    Дури и во мајонез имаше траги од шеќери и јаглехидрати ...
     
  15. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Што помалце јаглехидтати.
    0,2 на 100г е тоа, а ти во текот на денот треба да внесеш 20-30г.
     
  16. imanolov

    imanolov Нов член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Здравейте,
    Не успях да намеря абсолютно никаква статия в темата за кето диета, и как точно се изпълнява. Оставям тази връзка за всеки, който иска да научи повече за диетата и как се прилага - https://www.forlife.bg/keto-dieta
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    1.534
    Трси на јутуб и ште ти излеза плно видеа как трјабва правилно да се придржваш сС кето.
    Тази диета е малко сложена али резултатите се врх. Евала бе кето....
     
  18. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    578
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми прати рецепт за кето леб? Барав на нет но повеќе има, не знам кој е најдобар
     
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.403
    Допаѓања:
    183.659
    Пол:
    Женски
    https://www.dietdoctor.com/recipes/keto-garlic-bread#
    Јас овој го правам, ама малку го изменив, затоа што оригиналниот беше кај мене неуспешен. Место 3 белки, ставам едно цело јајце, и место пециво, ставам едно полно лажиче сув квасец, може нешто малку повеќе.
     
    На simoncelicius, EuHenIa и Emilija97mk им се допаѓа ова.
  20. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.778
    Пол:
    Женски
    Па кулен е дозволен ама има проценти во составот на јаглехидрати