Е колку може јх да има во едно-две парчиња? Ако има многу значи не е дозволен. Јади сланина,пршута.. таму нема јх.
Кето диета е штетна како и повеќето диети. СЗО препорачува голем дел од исхраната да е јаглехидрати, и може да се слабее и без вакви диети ама луѓето сакаат инстант резултати. Кето се применува кај некои болести, на пример кај одредени типови епилепсија. А не кај секого
Од каде може да се купи бадемово брашно? Гледав има од Био космос ама во маркет до сега не сум сретнала.
Бев во понеделникот и барав кокосово за брзо инстант пециво и ми рекоа немале, чекале, ама чекаат поодамна. Бадемово немаат. Ова за Мар- вик Буњаковец каде продаваат пд програмата на Био космос. Еднсш ми сомлеа бадем и тала добив бадемово. Сега ни ми понудија ни побарав избегнувам рефус со коронава. Инаку отсекогаш сум вила слаба ама секое плус кило над 52 ми смета па кето ми е избор. И онака lchf исхрана ми е секојдневие со ретки периодични исклучоци. Читав дека баш сега трњба да се редуцираат јаглени хидрати бидејки со нив се хранат вирусите и треба да се внесуваат здрави масти и протеини. Инаку инпрвиот пат со кето забележав драстично подобрување на меморија и концентрација и повеќе енергија. Јаглените хидрати ме прават поспана. Само што по некое време досадува цело време под 50 или 20 г па малку надолполнувам јх ама здрави и под 100.
Јас планирам да порачам онлајн од Био Космос бадемово брашно. Инаку по незнам кој пат сум на режимов, Првиот пат кога бев имав добри резултати, ама после тоа ги вратив и почнував пак ама за брзо се откажував, баш од таа причина што е досадно под 50 или 20г јаглехидрати. Овој пат сум решена да ја држам повеќе време, па затоа планирам и да месам и да правам. Ќе видиме дали ќе издржам и овој пат.
Прочитав дека ако си слаб или малку кг имаш накачено ќе ги симнеш, но потоа се забавува процесот. Ако имаш повеќе кг побрзо и поивидливо е. Затоа lchf режим кој не значи нужно одење во кетоза или циклично кето се подобра опција на подолг рок за одржување но и за ненавикнивање на телото на подолг рок само на кетогена исхрана. Во суштина ако си долго под 50 грама или 20, при евентуално зголемен внес на јх, може рапидно да се зголеми тежината. Како и да е, разумно треба да се практикува режимот, а во секој случај прво чисто кето а потоа долгорочно ограничување на јх не повеќе од 100_150 г што е разумно и изводливо. Или циклично, но секако нужен внес на вежби и умерени кочичини.
Зошто не пробаш да направиш сама? Каде-каде е поисплатливо од купечкото, а воопшто не е тешко за правење.
Јас држам слична диета, пишувам во морална поддршка Без шеќер, без јаглехидрати, повеќе сум на телешко и зеленчуци , сеуште ја проучувам кетото за долготрајно да се одлучам за неа Се мислев да почнам со медицинската деновиве, малку стагнирам во моментов, може дека се почастив торта за роденденот Ми треба под итно да симнам барем едно кило, да ми се врати еуфоријата. Инаку и јас сум на минус 6, иако ми варира вагата
@Emilija97mk Читнав низ темава и приметив дека скоро 1 година ја практикуваш диетава. Како си задоволна? Колку кг намали?