Дали вклучувате физичка активност? И на колку грами ви се сведени јх на ден? Предобри резултати сте постигнале.
Ја држев лани пролетта, ослабев за месец и пол 7кг без физичка активност. Диетата е ефективна да, меѓутоа лично да кажам не е за мене, бидејќи воопшто не можам да јадам месо и млечни производи, а тоа тука се јаде нели, и ми беше многу ама навистина многу тешко, ми се појавија 300 здравствени проблеми и одма ги вратив кг. Сега ја држам УН, можеби побавно се слабее но мене многу ми одговара. Како што кажав ова е мое лично искуство, доколку ти одговара ваква исхрана диетата е ефикасна јас сум на пат да станам и веган, така да не, организмот навистина не ми поднесува млечни и месо, имав многу нус ефекти. Постовите што го пишав пред некој ден беа за другарка, ја држи диета па се интересираше и прашав, доколку нешто друго можам да ти помогнам или објаснам слободно пиши
Не мерам ништо. Ни оброци, само што јадам само месо, салати, млечни производи и јајца. Понекогаш некоја грст кикирики, до сега едно 200 грама 85% црно чоколадо. И по некое зрно шекер во кафето. Работата ми е по 12 саати на ден, немам ни време ни сила за физички активности. А треба. Фала ви.
Moze li da pises sto jades eden den na primer? Dali moze da se jade integralen leb vo keto ishranata?
@galapce А со овошје како стоиш? Јас не смеам млечни ради некои проблеми здравствени, а ми фали овошје а да не е лимон. Каснуваш нешто?
Да, најчесто панцета. Инаку јадам и свински врат, печеница, кулен. Само гледам да не јадам во големи количини, се фокусирам на здрави масти.
Ако ептен стриктно се држиш, лубеници и грозје гледај да одбегнуваш оти има многу шеќер. Јас кога ја држев бев на dirty кето, не се држев ептен по правилата и на крај пак имав резултати. Млечните производи содржат многу масти и затоа треба да се конзумираат. Млеко не е дозволено а мислам и кисело млеко не, оти киселото има доста шеќер, а павлака и крем сирење може слободно. Еве неколку слики за од прилика што може да се јаде и кои овошја не се препорачуваат
Грозје не е дозволено, ама лубеница со сигурност е. За шеќер не знам, ама пишуваше дека е дозволено "one cup" Инаку во тукашното кисело млеко нема шеќер. Знам дека си во УСА, па затоа ти кажувам. Јас конкретно го јадам на Суташ, затоа што има најголем процент на масти, а најмал на јх и шеќер, споредено со другите кисели млека.
Во однос на млекото, зошто млеко не и дали може на пример без лактоза или слично (не препорачувајте само растителни пошто сум пробала). Едно кафе пијам во денот, нес, сабајлечки, и сакам да го задржам ритуалот но го пијам со малку шеќер и млеко. Дали пречи на слабеењето, ако пречи ќе го баталам. И тоа ми беше прашањето? Дали млечните производи и овошјето ви го забавуваат процесот?
Млеко ако е само за во кафе, не е страшно. Шеќер никако. Пробај со стевиа. Последното прашање не го разбирам. Од овошје смееш само тоа што пиша членката погоре, ако јадеш и други овошја, или од зеленчук: моркови, цвекло, компир итн., нема да влезеш во кетоза, и така уствари не ни ја држиш кето диетата. Млечните се дозволени.
Млеко не смеам во моментов поради други проблеми, и сите млечни производи, ама ајде ќе преживеам некако, треба да видам единствено тие без лактоза затоа што само за кафе ми е. А за овошјето мислев на овошјата што се дозволени во кето, лимони, јагоди и слични, не друго овошје. Немам искуство со кето, само со класичен Аткинс каде не смее никакво овошје, затоа малце ми се измешани лончињата. На тема стевиа. Две недели (откако сум н арежим горе долу) барам да најдам чиста стевиа, не наоѓам. За тие што користите, сте забележале дека еве на пакувањата од Биокосмос и Виталиа мислам, тие што се 200 грамски, во прав пишува дека во 100 гр. производ има 100 гр. јаглехидрати. Збунувачки е многу. Која е тогаш рзликата меѓу стевиа и обичен шеќер и како стевиата не би ме исфрлила од кетоза ако има толку јаглехидрати?