Овде има еден турски ајран и ми е пре вкусен, и откако го открив не ни пробав да најдам к.млеко што содржи помалку шекер За лубеница изгледа сум заборавила дека е дозволено да се јаде. Speaking of лубеница има еден дечко што го следам на инста и баш пред некој ден видов имаше постирано дека ако ставиш засладувач на краставица има вкус на лубеница шо знам ќе ставам линк од неговиот инста профил, има доста интересни работи да се научат од него и скоро секој ден става рецепти, заследете го ќе ви се најдат неговите рецепти https://www.instagram.com/ketosnackz/?hl=en @Abel Во кафе место млеко може да ставаш крем за кафе, како оние малите млекциња што ги даваат во кафич со кафето, се најдуваат да ги купиш низ маркетите? овде има да купиш цело кило во тетрапак а исто има таков крем и во прав. Друго што може во кафе е ( овде го купувам whipping cream или heavy cream ) а кај нас мислам дека е хопла, но провери ги прво ј.хидратите и шекерот пред да купиш. Дали на сабајле го пиете кето фамозното Bulletproof кафе?
@ane.bella Не смеам млеко и млечни производи поради други тегоби, така што засега црно кафе ми е единствена опција, растителните сум ги пробала сите купечки во Мкд, сум правела дома, едноставно не го бива. Стевиата ми е поголем проблем, таа содржи многу јх барем според ова што го читам на амбалажата. пс. Ме интересира во нормални околности, кога сте на кето и си јадете и млечни и дозволеното овошје, колку симнувте и дали тие две работи ви го забавуваат слабеењето? Затоа што читав дека млечните производи може да успорат симнување. Можни ли се 5-6 кила месечно. Како ви оди вас?
@ane.bella пробав тоа со краставицата. Мене ми имаше вкус на краставица со шеќер Инаку јас во несот ставам кример, тоа е она како млеко во прав. Е сега во состав има околу 50г. јх, ама тоа е на поголема количина, мислам 100г. да не беше. А јас користам 1-2 лажички, така да нема гајле. Исто и хопла или во туба, или во тетрапак. Таа на Полимарк има најмногу масти, а најмалку јх и шеќери, па тие ги користам. И еден совет што го слушнав пред некој ден, за полесно да ја надминете кетозата, препорачливо е да пиете електролити. Па така пијам веќе неколку дена по 300мл.
Се што е од животинско потекло, вклучувајќи и кисело и слатко млеко, во кетогенска диета е дозволено. Не знам од каде извадивте млеко дека не смеело. Шеќери останати, преработени, природни, до 30гр. И неизбежен е фастинг од минимум 16 саата од еден до друг ден, за да има ефект.
Не ми е баш јасно. Млечни производи се дозволени во ред, ама имаат многу шеќери и разни други додатоци, тоа е проблемот. Што значи во пракса до 30 гр. природен или преработен шеќер? И никој не ми одговори за стевиата која има исто многу јх. Кога правам кето благо ставам поголема количина, не е воопшто занемарлив бројот на јаглехидрати во тој случај. Исто е и со протеинските кето барови, сите имаат шеќери и богами доста јх, барем овие што се на Виталиа и уште едни кои ги имаше во Веро.
Ова е стевиа од Витаминка. Јас првпат слушам дека млечни го забавуваат слабеењето. Инаку лани ја држев 5 месеци отприлика и симнав 14кг. Сега продолжувам од каде што застанав, сакам уште некои 5кг да симнам. Првиот месец е исфрлање на вишокот течности, веќе од втор месец се топат мастите, така да барем 3 месеци треба да се држи кето, за да има добри резултати.
@Abel колку ј.х има во стивиата? и тоа сигурно е за по голема количина а не за во 1 лажица. @NarCis@ за електролити пијај и вода од кисели крставици @NovusOrdoSeclorum Evaluating how many carbs are in every food is important to staying in ketosis, or fat-burning mode. Some foods, like milk or yogurt, can contain up to 24 grams of carbohydrates and can knock dieters out of ketosis. Млеко во по мали количини е ок, на пример неколку лажици во кафе, но ако сакаш да испиеш 1 чаша млеко подобро е да го замениш на пример со млеко од бадеми. @NarCis@ јас не можам да се снајдам во овие македонскиве мерки како и да е, според моиве мерки 2лаж. стевиа има само 1 грам ј.х. @Abel е ќе си правиш математика кога правиш благо
Јас така знам, можеби грешам, затоа и пишувам тука. Ова од Витаминка не го знам, чиста стевиа е или мешано е со разни декстрози? Ќе го проверам, ти благодарам.
@ane.bella Искрено не сликнав ама знам дека беше 100 јх за 100 или 200 грама, едната стевиа беше со сигурност на Биокосмос, другата не ми текнува, на Виталиа можеби. Во прав беа и двете, спакувани како обичен шеќер. И ептен ми беше чудно.
На Витаминка се ќесички и секоја има 1г. стевиа. И пишува дека 1г. стевиа е исто колку 4г. шеќер. @ane.bella зависи колкави лажици Во секој случај има многу малку јх.
Во една чаша млеко има 12 грама шеќери, што е тројно помалку од дозволениот шеќерен внес, а не прави апсолутно никаква штета, бидејќи е полномасно, што е од корист за кетозата. Стевиа според мене е тотална глупост да се користи во кетоза. Финтата со кетозата е да се одвикнеш од инсулинската резистенција, што е стандардна кај сите и кога ќе бидеш стрикно влезен во кетоза, нема да ти паѓа шеќерот, нема да чувствуваш глад, нема да ти течат лиги кога ќе видиш благо и нема ни да ти текне да правиш кето-благо. Значи, исфрлање комплетно на јаглехидратите од исхраната, или сведување на нивен минимум до 30 грама (кои доколку постигнеш успешен 16-18 часовен пост или OMAD-one meal a day), повеќе нема да ти се потребни. Сепак, кетозата не смее да биде долгорочен начин на исхрана, доколку се прави на ваков строг начин и по 6 месеци е потребно да се направи пауза.
Мали чајни лажици, ти велам јас со македонскиве мерки тешко ми оди, овде ко на слепци ни е пресметано во лажици или колку содржи 1 пакерче еве ја овдешната стевиа мене стевиа ми е грозна и користам спленда
Тука пишува екстрат од стевиа 1.5%, останатото е инулин и фруктоза што за мојата здравствена состојба не е ок затоа што фруктозата оди во црниот дроб, особено лоша е оваа преработена што не е природен шеќер од овошје или зеленчук. Отпаѓа значи како опција за мене. @NovusOrdoSeclorum која е разликата меѓу шеќерот во млекото и ете фруктозата за кето исхраната? Комплетно исфрлање не е можно, секоја храна содржи јх, до 30 е веројатно изводливо, секако не на долги стази. Јас прашувам и истражувам за стевиата затоа што по стоти пат пишувам дека млеко и млечни производи не смеам да користам, сакам да се обидам да најдам замена за недостатокот на благо. 100 гр. јагоди не помагаат многу, подобра варијанта ми е кето-благо кое има јајца, малку алтернативно брашно и по некоја вишна или малина на пример. Има помалку калории и ми ги задоволува потребите. Не знам дали некое темно чоколадо наводно без шеќер на пример Дорина би можел да биде алтернатива.
А за прецизно читање на количината на јх, јас оваа страна ја користам https://dtc.ucsf.edu/living-with-di...unting-carbohydrates/learning-to-read-labels/
@Abel ако имаш здравствтвени проблеми и си ограничена со избор на намирници, може најдобро да консултираш нутриционист кој ќе те упати. Сепак тука сме лаици и пишуваме од сопствено искуство.
Тоа го правам секако, прво на доктор бев и од тоа што ми е препорачано да го избегнувам, барам замена нормално од луѓе што имаат искуство, макар и лаичко со овој режим.
Јас ни оваа не ја користам, не ми е убава. Уствари никаков заблажувач не користам. Ако ми се јаде благо си каснувам темна чоколада 85%, кремчињата на фитнес хаус, хопла со шумско овошје, а лани и сладолед си правев. Кафе и чај секако без шеќер ги пијам.
Во период на реална кетоза, апсолутно нема да имаш потреба од благо. Ни млеко, ни овошје, ни ништо. Само сме сите ептен размазени (вклучувајќи ме и мене) и мора да си го оправдаме посегнувањето по шеќер. Кога сум била во целосна кетоза, воопшто не ми паѓало на памет да задоволувам потреба од шеќери, тоа не постои таму.