Не знам точно како ќе изгледа реална кетоза затоа што вака построг режим не сум применувала, но енергијата ми е буквално на минимум, едвај одам, што воопшто не ми се допаѓа. Јас не користам ништо млечно (не само млеко), ништо од овошје освен лимон и ништо јатки. Ќе видиме како ќе оди, ако се осеќам вака растреперена цело време секако ќе се префрлам на понормален режим кој вклучува компир, ориз и некаков леб како тонус, само со редукција на калории. Идејата е да функционирам нормално и да биде долгорочно изводливо со мешање на јх да се одржува. Ако не можам до работа да стигнам пеш, а да не седнам три пати да се приберам (во прашање се три километри) тогаш очигледно не е за мене ова.
Абел, диетата што ја правиш е непотполна, нормално дека нема да имаш сила. Кето без месо може, ама без млечни, не само што е тешко изводливо, туку и не е здраво. Кетото треба да ти даде наплив на енергија, каков што не си осетила дури си била на јх. Лично од мое искуство, лани кога бев на кето, дури и за време на менструација можев да вежбам, што никогаш претходно не ми се случувало.
Млечно не смеам во моментов, ниту под разно. Веќе сум скоро 20 дена мислам на режимов, може малце помалце. Симнав 6 килограми, но освен таа придобивка, ништо друго. Енергијата е константно на минимум. Може си во право, да продолжам со кратење калории, барем тоа секогаш успева. пс. Иако овде вика дека кај сите е различно, постојат луѓе кои не јадат млечни производи, успешно, на кето. https://www.dietdoctor.com/low-carb/keto/dairy
Поентата на секоја диета е, освен што ќе се изгубат килограмите, да се подобри здравствената состојба и да се осеќаш убаво. Не заборавај да проверуваш крвна слика во меѓувреме. Ако некои параметри отстапуваат, веднаш менувај исхрана. Пробај уште некое време, па ќе видиш како ќе ти биде.
Апсолутно. Договорот со доктор е засега на месец дена да се мерат параметрите кои мене ми се битни за здравствената состојба, затоа и сакам да издржам еден месец, да можам да правам модификации, ако сѐ биде во ред.
@Abel , можеби каj тебе станува збор за т.н keto flu, кој прилично е честа појава кај многу лица кои почнале со овој режим, на почеток. Прочитај си ги симптомите и види дали ќе се препознеш. Ако е тоа, нема простор за загрижување, ако не, кето не е за тебе. Но, супер штом те следи и стручно лице и не го правиш на своја рака.
@Abel млечните производи ајде да кажеме не ги внесувај. Месо, помрсничко, да. Секогаш при пад на енергија, сланинче, помрсничко, нема да ти текне на благо.
Помислив и јас на кето флу, ама тоа обично се јавува 1-2 дена после почнувањето на кето диета и трае максимум 1 недела. Досега требала да ја надмине таа фаза.
Не е мое искуство, ама можело и до месец дена да трае. Така прочитав, така пренесувам. Важно е под стручен надзор и контролира крвна слика, претпоставувам.
Уште три дена па се веќе 4 месеци одкако почнав. -20 до сега. А се чувствувам како да се повеќе. Пвошје немам каснато, но знам да каснам киририки и чоколада по еден два реда некогаш но 85% какао. Забележав дека кога пијам многу вода тогаш слабеам. За празниците си дозволив пет дена пауза, но не јадев тесто. Мали одстапки. Не мерам и не пазам кога јадам. Најчесто ради условите, прв оброк ми е кај 15 часот а вториот после 20:30.
Дали некој може да ми каже одприлика мени за циклична кето? На пр. 5 дена со макс.10% карбс, а 2 дена да се консумираат карбс?
По правило воопшто нетреба да се внесуват хидрати додека си во кетоза. Чим внесиш хидрати, телото одма излегува од кетоза. Исто така и од висок внес на протеин можи да се излези од кетоза.
Да знам ама дека тешко ми оди да сум на најстрогото кето се откажувам за 1 месец сакав да пробам циклично кето.
Изгубив околу 14 кг минатата година. 2-3 кг враќав кога јадев повеќе, ама и ги спуштав брзо. Сега сум 2 недели на кето и изгубив скоро 3 кг.