За колку време се добиваат и се гледаат првите резултати? Знам дека мене ми е ептен рано ама чисто да си прашам.
Па затоа и се чудам еве цела недела сум на кето и 1,5кг е отидено. Знам дека е вода, ама и претходно кога бев на кето мн малку кг симнував, а повеќе во обем. Е сеа сакам и кг да симнам не само во обем.. некои типс &трикс за тоа? Вежбам плус
Типс и трикс, да издржиш барем 3 месеци Те имам читано, знам дека си он енд оф постојано, ама освен да ја тераш 3 месеци без прекин, нема друго.
Бадемево млеко (конкретно од Кам, нема шекер) има и во зегин, тинеџ, веро.. само читај состојки или 10% маслено мелко (исто во Кам има германско во мали пакованја за едно кафе) . Бадемовото е поздрава варијанта, па да си додадес и лажиче кокосово масло во кафето. А другово млеко е доста масно со маст од животниско потекло нели. Нормално крајвјо млеко е исто така дозволено во кето. Стевија во секоја продавница за здрава храна и поголем маркет.
Сега пак на кето ќе го шокираш организмот и уште повеќе ќе ослабеш Само немој пречесто грешки, пошто можеш да си направиш здравствен проблем.
Тоа ли е тоа “пунење” што го викаат србите? Да јадеш еден ден јаглехидрати и шеќери и после тоа се забрзувал процесот?
Дали може овошје секој ден? Колку јх има сирењето и какво најчесто јадете? Има ли некоја табела за дозволени намирници со број на јх на 100гр?
Речиси еден месец на кето и холестерол 7, а железо паднало на граница. Толку со ваквите диети. Кога пред неколку години држев Аткинс, иста е со кетото, железото ми падна на 4. Значи не се овие диета за мене. Некни се мерев и - 3 кг за 18 дена. Се слабее, ама не по цена на здравјето.
7 холестерол, многу Да не претера со месо, процесирана храна? Минатата година кога држев кето, баш проверував холестерол, посебно добар и лош, сѐ беше во референтни вредности, ни блиску до горна граница. Ама може да не ти одговара.
Јадев и месо и јајца, процесирана не толку, кулен само. Ама еве и од протеинска исто ми се случува. Не ми одговора. А имав и кетони во урина.
После колку време од диетата имаше кетони во урина? Ако си била во кетоза нормално е. Исто може да е ако не пиеш доволно вода. За време на кето диета, бојата на урината треба да биде скроз проѕирна, како вода. Тоа е показател дека си доволно хидрирана. Исто, не треба да се претерува со протеини. 75% треба да се внесуваат здрави масти, 20% протеини и 5% јх. Може си претерала со протеините, и од таму покачен холестерол. Ако решиш да продолжиш со кето, пиши ми, ќе ти кажам здрави рецепти, а да не вклучуваат секој ден месо и јајца.