Здраво, летово сакам да одиме со дечко ми на Кефалонија ама агенциски, па ме интересираат Ваши искуства ? Јас не сум тип кој сака да патува секој ден да се вози, ако се решиме за Порос како е ќе имали што да се види каде да се излезе да се прошета или пусто е? Фала однапред.
Гледам дека темава е заборавена. И на нас за оваа година ни е во план Кефалонија преку агенција. Па да те прашам ако веќе сте биле да споделиш како сте си поминале и како се цените
Некој да сподели искуство за во Кефалонија смештај , агенција , изнајмнување на мотор и сл. Се мислиме помеѓу Крф, Лефкада и Кефалонија
Ние уплативме за Кефалонија преку Балкан фан.. пишете искуство кој бил скоро како се со цени, што факултативи да земеме итн. А јас ќе ви пишам штом се вратам
Helloo i mene me interesira sekoe iskustvo za Kefalonija, smestuvanje, plazi, organizacija za setanje okolu ostrovot, ceni i iskustva so agencii, dali e podobro da se uplati ekskurzii so agencija ili sami itn itn za odmor od 10 dena.
Во Порос. Ама има организирано преку агрнцијата за 100 евра мнпгу факултативи, посета на Закинтос, етно тура низ пештерата, посета секој ден на различна плажа, крстарење на зајдисонце итнн...
Зависи што ве интересира, не морате да ги земете сите излети, освен ако мора да се земат во пакет. До вашите приоритети е. Ако одите повеќе да одморите, еден до два излети се сосема доволно. Ако одите што повеќе да видите, земете ги сите. Лично, не би го пропуштил Закинтос, плажата Миртос, градчето Асос, па и Фискардо. Генерално, мислам дека 100€ за 4-5 излети е коректна цена.
Бевме. Супер поминавме, мене ми е еден од поубавите одмори. Има доста работи да се видат и плажите се прекрасни. Најубава ми беше Миртос. Антисамос исто ми се допадна. Секако дека не ја испуштивме и плажата на Закинтос. Мелисани езерото заслужува да се види. Тоа ми остави најголем впечаток. Ние го земавме цел пакет од агенција, ептен ни беше исполнето времето. Во спротивно ќе треба да изнајмиш мотор или да бидеш на градската плажа. За цени искрено не се сеќавам точно, ама мислам дека на крај истрошивме околу 500 евра по лице.
Каква е плажата во Порос и што нуди самото место? Има ли каде да се прошета навечер, шеталиште, кафичи?Има ли превоз до околните плажи? Благодарам
Како што видов на сликите убава е плажата, имало кафичи таверни за шетање. Превоз незнам дали има за околните плажи, знам до главниот град има. Сите имаат позитивно искуство па затоа се решивме за таму.
Дали може да ми пише некој што бил годинава на Кефалонија преку агенција? Барам понуда за прва половина на август, па ако имате препораки исто слободно пишете ми
Дали може да сподели искуство некој што бил со Балкан Фан или друга наша локална агенција на Кефалонија. Какво е сместувањето, излетите, организацијата? Дали е ок за одмор или е повеќе журкање за млади?
Островот е многу убав.. Балкан фан организација 0 , прво нудат пакети кои се доплаќаат во зависност од тоа што вклучуваат и треба да ги платиш додека стигнеш до граница и нормално кога читаш што нудат си мислиш супер дека се факултативи , плажи , алка за попусти и влезници , но идеш тука и гледаш дека се без врска . Од плажи посетуваш само три , за факултативни посети се доплаќаат плус влезничи , а алката можам да кажам дека нуди попуст само во еден маркет каде што цените се поскапи за разлика од останатите и немаме попуст на пијачки во "дискотеките" како што ни беше кажано , затоа што во Порос каде што е сместувањето нема дискотеки хаха . Исто има многу слободни денови кои се во Порос а тоа е мало место и нема убави плажи , сепак може да се снајдеш сам има автобуси кои одат за Скала и Аргостоли каде што има навистина убави плажи но автобуслите линии се лоши и не е исплатливо . Се на све Островот е преубав но агемциски не би препорачала , се доплаќаат многу работи плус и на крај иде дека поисплатливо би било да си со кола барем ќе си ги посетиш сите преубави места . А за balkan fun давам само непофални зборови.
Дали бевте на сите факултативи? Дали таму има пример локални агенции што нудат шетања низ островот? И во врска со автобуските линии зашто е неисплатливо? Ќе одам наредната недела кефалонија ама преку друга агенција, но видов дека се истите факултативи и баш се разочарав од напишаново