Ako sakate spodelete ovde i mene me interesiraat detali, odam kraj na avgust. Kako sto gledam na internet ima preubavi mesta, no ne znam dali moze i e isplatlivo da se izbegne agencija i sami da si pravime turi. Kako bese organiziran prevozot, cenite i dali ima barem nesto za setanje vo Poros?
Здраво, да се обидеме да ја активираме темава повторно. Оваа година нешто слабо се нуди Кефалонија, преку агенции има само за Порос. Ќе ве замолам вие што сте биле во Порос ако може само да кажете дали има таму понуди за бродски или автобуски екскурзии од Порос до други плажи односно градчиња или останува единствена опција преку агенцијата со која би отишле таму.
Ние бевме пред неколку години во Порос со автобус .. Таму рентавме кола и за 10тина дена го прошетавме скоро цел остров со најубавите плажи .
Дали е местото за парови повеќе? Или добро би било да одиме две другарки преку агенција? Дали би ни било досадно …
Дали некој во скоро време бил на Кефалонија, преку Балкан Фан? Знам дека @Lavender4 беше пред неколку години, ако можиш да споделиш, преку која агенција и како беше организацијата?
Јас бев лани преку Балкан Фан, ќе го споделам и тука моето искуство од другата тема. Освен наведениве локации, агенцијата имаше организирано и плус факултативи од кои: 1. Крстарење до Закинтос 2. Етно тура + плажата Макрис Гиалос 3. Журка на брод и плус уште неколку журки, ама за ова не би знаела да споделам искуство затоа што не уплатив за таа факултатива.
Фала ти многу за одговорот. Како бевте задоволни од општата организација на агенцијата и сместувањето? Имам читано доста негативни искуства во однос на доцнење, (не)организација, итн… Во план сме да не земаме факултативи, туку со моторче да го шетаме островот и плажите, а за тури да си најдеме сами.
И јас со Балкан Фан, собите беа нормални ништо посебно ама беше чисто и имаше топла вода. Да не земате факултативи, подобро сами со моторче, мислам дека голем дел од островот не го видовме со факултативите. Инаку преубава е Кефалонија од тоа што го видов се заљубив, сигурно се враќам пак
Сместувањето да бидам искрена не беше ништо посебно, буквално двокреветна соба со купатило и тераса, ама домаќините беа прељубезни и услужливи. Во Вила Кристи бевме сместени, можеш да си разгледаш слики на страната на Балкан Фан. Има опција ако сакаш да си доплатиш за појадок во сместувањето, мислам дека беше пет евра од ден. Ова не ни го кажаа во агенција, дознавме од домаќините. Ако користиш клима исто така се доплаќа, ама ако одиш во септември нема потреба од клима затоа што времето беше многу пријатно и не беше воопшто жешко како што би било во јули и август. Што се однесува до агенцијата, и јас имам слушнато такви искуства, сега баш другарка беше на друга дестинација со нив и не беше воопшто задоволна, не биле воопшто организирани и за доцнењето исто така се жалеше. Изгледа сѐ зависи од водичот, каков ќе ти се погоди. Ние во автобус имавме еден придружник, а за на островот беше друг одговорен. Ако ви се падне Никола, би требало да биде сѐ океј. Дечкото беше достапен во секое време на вибер, знаеше убаво да објасни и дури и да не платиш факултатива ќе ти предложи места за шетање. На поаѓањето од Скопје немаше доцнење, тргнавме во договореното време а за назад се сеќавам дека малку задоцни автобусот. Многу рано ги напуштивме собите, околу 8 сабајле а поаѓањето беше дури во 2 попладне, тука мислам дека можеле подобро да се организираат да биде барем малку порано поаѓањето, да не чекаме до 2. И да знаеш дека е прилично долг патот до таму, има асално возење ама за среќа ни се погоди нов автобус со удобни седишта. За факултативите се сложувам, многу поубаво ќе си поминеш во сопствена режија, повеќе места ќе прошеташ и повеќе се исплати. Имаше и на пристаништето луѓе што нудат крстарења со брод, од прилика по слични цени како агенцијата. Сѐ на сѐ, прекрасен остров и вреди да се посети. Јас пак би се вратила.
Фала ви многу за одговорите, најмногу бев загрижен за организацијата од страна на агенцијата, барем дур стигнеме таму хахах.