Баш ми е драго што не сум единствена што не јаде кечап. Кога ќе кажам дека не конзумирам ме гледаат како да сум паднала од Марс. Не јадам помфрит, не јадам шпагети, макарани и така натаму, и единствен пат кога внесувам кечап е на пица. Не додавам сос одозгора, освен ако не ми изгледа привлечен, па ќе се обидам и со тоа, инаку не. Тој со кој е намачкана пицата пред да се пече, и тоа е тоа.
Не сум толку многу по кечапот но го практикувам во исхраната.Најчесто со компирчиња,риба..мајка ми и во некои манџи става и сл....повеќу сум за домашен отколку за купен затоа што не ми е по вкус купениот а мојот дома што мајка ми или баба ми ќе го напраи по кејф ми е
17 кг патлиџан 320 гр. шеќер 120 гр. јаболков оцет 10 гр. сенф 3 лажици густин 3 лажици оригано (на крајот) сол по вкус Се проврива патлиџанот и се мели.Кога ќе се сомеле се остава да проврие.Кога ќе уврие се тргаат 3-4 црпки (од кечапот) настрана и во него се додава густинот и се меша.Се истура во останатиот кечап,се додаваат останатите додатоци,се вари уште 10 минути и се собира. Се надевам дека помогнав на некого
Се давам во кечап! Во се го ставам! Најмногу ми се допаѓа Хаинц кечапот И домашниот кечап, една тегла можам за 5 мин да изедам.
Зависна сум од кечапот. Го јадам со се: секаков вид на тестенини, исто така со компир во тост.......и со уште многу други работи. Дајте ми јадење во кое што има кечап ќе го изедам.
го јадам со пржени компири тост сендвичи макарони шпагети пица Печени јуфки Не го сакам домашнот кечам, некако купечкиот ми е поубав особено ако наљутнува....
Многу сакам кечап,и секојдневно го јадам. Немам проблем со вкусови,јадам различни фирми кечап и сите ми се ок. Најомилен ми е од Мекдоналдс кечапот,сега и во некои маркети го видов ама малце скапичок така инаку највеќе го користиме дома,на полимарк кечапот. Или обичен или со вкус на пица