Најчесто овој го користам , а и од Heinz е мнооогу добар , но е поскап. Инаку во исхраната не го користам многу многу , секако во пица , кога ке направам некој снедвич , за во макарони не ми иде , па користам сосови
Закопајте ме во кечап јас ќе излезам! Го јадам со се. Тост, тестенини, пица, помфрит... Најубав ми е од Витаминка и Томатело
Heinz е преубав, ми го има баш тој автентичен кечап-вкус, ама прескап е и не ми вреди да го купам малецкото шишенце кое реално би го изела за два-три дена. Останав позитивно изненадена од Томатело - ги дегустирав лутиот и обичниот, благ. Одеа на акција некоја и ги пикнав в корпа без многу мислење. Преубав кечап, посебно овој лутиов - со тестенини е одличен за оние кои преферираат лутко. Спојлер И не постои купечки кечап кој ќе го замени вкусот на домашниот - мене тој ми е највкусен.
Порано не сакав да смислам домашен,се дури не пробав ,логично.Повкусно здравје.Прават и мајка ми и баба ми и свеки,па имам на залиха колку сакаш. Од купечките Витаминка ми е стандард,Полимарк не е лош и Томатело дефинитивно бр 1.Вкусен и многу потсетува на домашниот .
лелеееее и јас сум таква ! Без кечап не седнувам ! Во се да се ставело....во ориз во макарони и на пицата горе во пире , во палента во шпагети....абе на се ! кај би јас без него ?
Обожавам кечап со помфрит (ама за жал откако сум на диета ни кечап ни помфрит ),ама со макарони,шпагети неможам да смислам ми се повраќа
го обожавам,иако не во многу голема колиЧина али го сакам вкусот да го има во макарони,сендвиЧи и сл.
Кечап порано мнгоу сакав да мешам со мајознез и на леб се Едно време не јадев кечап заради растењето, хормони.. бла бла.. нешто ми кажуваше мајка ми.. Ама сега пак почнав, во одредени јадења го јадам, го сакам .. Ама не многу многу
Ох,ох,ох.Мајонез не јадам,ниту пак сенф,ама кечапот во тестенинки,компирки печени,пица....Незаменлив е