Јас го јадам кечапот на мама, домашно подготвен. Кога веќе немам од тој си купувам од продавниците. Понекогаш и на томато купувам.
Не дека сум некој страстен обожавател на кечап, ама пане и дека не јадам. Го сакам домашниот повеќе од оној копечкиот ама кога немадомашен и другиот е добредојден.
Секоја година правиме домашен кечап и навикнати сме на него, купечкиот го јадеме само кога сме излезени некаде, а за дома скоро и да не го купуваме. Домашно си е домашно.
Ретко јадам кечап, повеќе користам доматен сос. Порано купував од Ким Неготино, меѓутоа вкусот го направија ужас, ептен го расипаа. Луѓе дај доколку имате некој роднина кој што е сопственик на фабриката кажете им да се средат на време, бидејќи ќе им пропадне бизнисот. Често го гледам веќе намален на акции, ама не се лаже два пати народот. Еве моиве од што знаат дека порано сме го купувале, купиле големо пакување од 1кг, и не можат да го дотрошат, во ниедно јадење не го бидува, пицата ја расипува, потпечените макарони исто, ете го стои во фрижитер и кај и да е мислам дека ќе се фрли така неискористен. Порано знам имам купувано од тој на Бонум, ми бил вкусен, и тој на Витаминка е класика, а во последно време ми е убав и тој од Нектар. Сепак сос од домати, е каде каде подобра опција.
Пред некоја година vitaminka ми беше најомилен кечап на сите времиња, ама сега повеќе ми се допаѓа оној на Polimark. А, често користам и томатело, најчесто со макарони, шпагети...
Обожавам кечап.Во последно не толку многу,ама задолжително си го имам во фрижидер. Го купувам исклучиво на Витаминка лутиот. Сум пробала и други,ама пак си се враќам на него. Домашен не правиме,а и не сум нешо љубителка
Polimark лутиот го сакам иако не сум љубител на кечап. Другите ми се онака иако ако не е лут секако не ми е вкусен.
Повеќе сакам мајонез, но го обожавам и кечапот... Не јадам баш често кечап, го користам во пица, во макарони и слично. Омилени ми се кечапите на Heinz и на Nectar.
Домашниот кечап според мене е незаменлив. Сам си правиш, како сакаш, и знаеш што ставаш. А и на вкус најискрено, повкусен е домашниот.
Јадам кечап со повеќе видови храна, а шпагети не можам да јадам без кечап. Инаку поубав ми е домашниот
Значи нема јадење без кечап за мене. Јадам благ од Полимарк. Највкусен ми е. Домашен не обожавам затоа што доматот ми ствара премногу киселина во желудникот. Знам дека е поздрав, ама тоа е тоа.
Обожавам кечап! Најмногу го јадам во комбинација со мајонез и сенф, виршли, јајца, помфрит, пица, тост, тестенини и некои сендвичи.
Без кечап во фрижидер не сме останале. Го сакам и домашен и купечки. Го јадам во комбинација со компирчиња, пици, тостови, шпагети, пилешко...