Во фрижидер секогаш имам кечап и го јадам најчесто со макарони или шпагети и кога правам пица ставам кечап.
Кечап јадам исклучиво лут (многу сакам луто). Секогаш со пица и тестенини, освен во ретки рецепти според кои не е потребен.
Порано го јадев доста, особено со помфрит, а сега не толку. Од Витаминка ми беше најдобар, а и онај во Кам исто.
Тогаш, темава не би била во Храна и Пијалоци. Спојлер Сори, не сфаќам дали си озбилна или ти е обид за шала.
Кечап во лето – не! Кечап во зима – да! Го користам со тестенини, врз пржени јајца и пржени компири. Избегнувам до го комбинирам со мајонез. Најдобар ми е кечапот на полимарк лут.