1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кикиритки

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од trendy, 11 декември 2010.

  1. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    Откриено е дека кикириките го смалуваат ризикот од срцев и мозочен удар, поради што стручњаците советуваат дека треба да се внесат во прехраната, но во умерени количини.
    Киририките би можеле да станат важно оружје во борбата против срцевиот удар, покажуваат резултатите од едно последно истражување. Грицкањето кикирики или јадењето масло од кикирики најмалку пет пати неделно може дури да го преполови ризикот од срцев удар. Откриено е дека кикириките го намалуваат холестеролот, спречуваат воспаленија и ја подобруваат состојбата на крвните клетки околу срцето.
    Во период од 22 години, научниците од Харвард набљудувале 6 илјади жени со дијабетес тип 2, кој го зголемува ризикот за срцев и мозочен удар. Овие жени имале посебен режим на исхрана, а секои две до четири години пополнувале прашалници за начинот на исхраната.
    Кога научниците ги споредија резултатите, открија дека жените кои јаделе кикирики биле позаштитени од срцев и мозочен удар. Вистинското изненадување е што ризикот е намален за дури 44%.
    „Исклучително корисно е во исхраната да се користат и кикириките, бидејќи го намалуваат холестеролот и му помагаат на здравјето. Секако, треба да се конзумираат во умерени количини - секој ден по малку и никако со претерување, бидејќи секое претерување е штетно по организмот“, изјави Елен Мејсон, еден од научниците кои го спроведуваа истражувањето.

    [​IMG]
     
    На meredith му/ѝ се допаѓа ова.
  2. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Како помала само кикиритки јадев :lol: :lol: :lol: . Абе неможев да замислам дома да нема кикиритки, и појадок и ручек и вечера ми беа :D . Сега незнам дали дека ги прејадов, многу малку јадам, дури ич можам да кажам
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Си грицкам јас така кикирики пред комп и ја гледам темава :rofl:
    Само ќе кажам обожавам кикирики и пиво. Ол тајм фејворит 8)
     
  4. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    61
    Дека се здрави, здрави се полни се со омега 3, ама кај ке седне човек да изеде само 5-6 дневно, нема ли пола кило наеднш... А калорични се, покалорични и од чоколадо.
     
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Многу сакам кикиритки, а уште повеќе сакам путер од кикиритки :inlove:
    За калорично, калорично е, ама затоа не јадам секој ден :)
    [​IMG]
     
  6. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    ^^ Аууу, путеров мене па ич не ми се свиѓа! Имам пробано чисто од љубопитност зошто знам дека Американците го јадат, ама мене воопшто не ми е вкусен! Ене ја теглана во фрижидер стои цела година.

    Инаку кикирики обожавам, особено оние што имаат повеќе сол. Сакам да ги комбинирам со пиво најчесто. Како мала ми има залетнато во дишник кикиритка, ама за среќа се добро завршило :)
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Жива зараза се. И татко ми најчесто ми ги трга од раце кога ќе седнам да јадам зашто не знам кога да престанам. Најмногу ги сакам оние што се соси лушпа, затоа што така и ги јадам. И + ако се потпечени во релна. Мх мх мх...
     
  8. xAne

    xAne Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    8
    Обожавам кикирики. Јадам какви ќе начекам по дома, со лушпа, без.
    А путерот од кикирики не можам да го смислам. Пред неколку месеци од љубопитност купив една тегла, и само еднаш имам пробано, едно лажиче поточно. Со месеци си седи во фрижидер, мајка ми кај и да е ќе го фрли :D
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Давајте ги путерите навака :D
    Најубаво ми е во комбинација со слатко или мармалад од јаготки. Малку чудно звучи, ама кој пробал - знае :)
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.547
    Пол:
    Женски
    Сакам кикирики, но со лушпа и по можност тазе печени. Обично кога поминувам кај продавничкине кај Вегера во центар си застанувам и си купувам, па не можам да дочекам до дома и си јадам во автобус :)
     
  11. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Jадам кикиритки ама само со лушпа,другите ми се премногу солени :|
     
  12. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    сега колку ми се јадат кикириткии уфф :sweat: :sweat:
     
  13. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    мммммммммммм многу сакам кикиритки :D додека има јадам :lol: најубавки ми се тие со лушпа,ама и другите ги јадам ;)
     
  14. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Кога ќе им седнам не знам колку ми е доста :D :D
     
    На Lady-PinkHeart му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Обожавам несолени кикиритки :D
     
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Не јадам многу кикиритки , повеќе преферирам морски оревчиња и лешници .
     
  17. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    И јас исто... затоа не сакам ни да почнам да јадам, оти не знам да престанам после тоа :D
    А па на гости кога ќе извадат кикиритки... лелеее...од срам не земам оти цело чинивче да го испразнам ако почнам :lol:

    А знаете ли дека кикиритките се одличен афродизијак?
    Кикириките се омилени за грицкање и нив ги сакаат и младите и старите. Сепак, тие се многу помоќни отколку што мислите. Состојката Л-аргинин која ја има во кикириките, ја зголемува сексуалната функција кај мажите, па со тоа е одличен афродизијак.
     
  18. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Многу ретко јадам кикирики.Многу се калорични па затоа ги одбегнувам,а некогаш кога ќе пробам макар една,ми стануваат заразни и тогаш оди па сопри ме.За среќа ретко се случува тоа.
     
  19. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Исто. Кога веќе јадам кикирики тогаш мора да се со лушпа и без сол. :!:
     
  20. MartinaSk

    MartinaSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    4
    Јадам кикиритки..но повеќе ги сакам тие со лјушпа :) отколку тие што се без бидејќи тие се многи тешки,мрсни и солени...