Уффффф ги обожавам ... секој ден ги јадам, али ептен се заразни, не е да грицнам една, после морам да ги јадам сите што ми се пред очи
тие лупените со сол така-така, ама ови другите мн ретко и тоа кога ќе по4нат да ми викат абе ајде јади, јади, ина4е сама ретко посакувам да јадам кикиритки...
Најубави ми се оние со лушпа јас и лушпата ја јадам! Превскусни се кога ќе пробам не можам да престанам.
Многу се вкусни и ги обожавам. Вистинска зараза се, кога ќе почнам да ги јадам неможам да престанам. Најмногу ги сакам оние лупените со сол.
Ги сакам многу посебно кога треба да утепам време пред ТВ ,највеке ги сакам оние печени дома мммм.........
Си јадам кикиритки често! Вкусни ми се! Најмногу сакам да ги јадам овие со лушпа Па и ако имаат ставено повеќе сол...м м м,мераци! Со дечко ми пак навечер за грицкање земаме од овие Ептен биле добра комбинација со пиво, ама ни јас ни дечко ми сме по пивото па со сокче си ги јадеме
Кикирики со пиво мммммм... прекрасно... Обожавам кикирики, посебно кога ми замирисаат кога си идам накај дома од факултет, онака топлички, перфект.
Ги сакам кикиритките но не ги јадам пречесто. Најмногу ги сакам солените, но понекогаш купувам непечени и несолени, сама си ги печам и им додавам мед. мм...
Пред неколку дена со дечко ми се објаснувавме повеќе од пола саат за кикиритките, кои јас му реков дека се викаат фастаци, а не кикирики , пошто така се викаат кај соседиве на истокот и јас, истиот, ко и некои други зборови со спротивно значење кај нас си ги имам зачувано во глава и никако не ги пуштам. Па и слики баравме дур се објасниме што е што и на крај ми текна да побарам слики од она другото што источњаците велат дека е шам-ф’стак па ми текна дека сум во грешка огромна Важно сакам кикирики макар што не ги јадам баш нешто посебно многу. Кај нас од слава на слава се купуваат, од оние обичните... а повеќе сакам онакви со љушпи И то је то.
Вкусни ми се, ги јадам...ама со страв. Кога бев средно се здебелив со секојдневно неконтролирано конзумирање на кикирики пред ТВ. Спојлер Кркензи кикирики евери деј, јес ај крк.... хахахах незнам некои од хумористичниве емисии го пееја овој стих ама не ми текнува кои
Јас за жал сум алергична на кикиритки и самата миризба ми смета. а знаеме сите дека забранетото е најслатко па се случува еднаш годиншно ризикувам и си мачкам едно парче леб со путер од кикиритки.
Јас знам дека заедничкото име за ф'стаци, лешници, бадеми, кикирики е апетисани. Кикирики не јадам многу, не ми се нешто особено вкусни, освен овие со лушпа