Ги обожавам, можам да изедам мноогу, само што читав баш пред некој ден дека многу дебелеат... Вистина е?
леелее само колку ги сакам ама паа неможам да се контролирам можам премногу да изедам,а премногу дебелеат,така да во последно време немам воопшто каснато
Ги обожавам!! И пржени,и печени и со голема лушпа...ма секакви бре! Би јадела по пола кило на ден и по еден леб со путер од кикирики,ама многу се калорични бе не е фер се што е вкусно е калорично
Кикиритки баш си сакам секакви , и со лушпа и без. Голем зависник сум од кикиритки, ама бидејќи се калорични не јадам многу како пред 3-4 месеци туку сосема малку. На пример сега пошто решив да ослабам си јадам 2-3 пати неделно помалку од една рака . Баш се вкусни
Аххх колкава зависност ствараат пустите, кога ќе седнеме со тато пред тв не знаеме колку ни е доста Секакви ги сакам со лушпа, без лушпа, ама па колку се калорични
колку ми се досадни овие кикирики не ги конзумирам и не знам како некој кога ќе си седне без осет си грицка ли грицка, не му се смачува ли, не те заболува вилицата
Е значи позаразно нешто од ова не постои. Не дека ме фаќа некоја криза и постојано мислам на нив, ама ако едно пробам, готово, цело пакетче е мое.
Ги сакам и јас , убави се но не ствараат никаква зависност кај мене. Не ги јадам често, јадам само кога моите дома ќе испечат. Кога бев мала замалку ќе се задавев на кикирика па можеби затоа.
Леле феминки да ви раскажам интересна случка Со овие кикириткиве : Бев кај една другарка на поседок и седефме гледавме тв со нас беа и сестра е и татко е...И татко е јадеше кикиритки,и во тој миг сестра е му вели...Тато знаеш дека кикиритките содржат од 200 до 300 калории? (незнам дали точно толку беа ) Тогаш тој и одговори ами затоа јас си јадам само по 2-3 БТВ:Љубител сум на кикиритки во лушпа
Кикиритки Ги сакам најмногу оние струмичките Си ги испечам дома јас и уживам во грицкањето Некогаш ги јадам и со крем пробајте и ќе видите што ви зборам...едноставно вкусно
Jас многу сакаааамммм кикириткиииии.. Aли најлошо од се е секад коа јадам ме боли ненормално главатаа !
Сакам кикирики да јадам, али не се многу сол на нив бидејќи ќе треба да ги лупам. Инаку кириките најубави се кога се топли купени
Често на враќање кон дома си купувам едно кесиче кикирики, тазе печени, со лушпа и многу сол Цела зима си ги топлев рацете со нив Заразни се, а и заситуваат. Путер од кикиритки имам пробано, ама не ми се допадна
Кикирикииииииииииииии едноставно сум зависна од нив!!! Значи немам коментар и еве сега ми се пријадееее!Ух!