Епа вака девојки.. ме интересира вашето мислење за кик-боксот...дали е добар за оформување на фигурата и зацврстување на мускули? колку е напорен тренингот? планирам да се запишувам, но сеуште сум во дилема дали на кик-бокс или на аеробик...мое мислење е дека кик-боксот има подобри и побрзи ефекти? И ако знаете некои места каде што има кик-бокс по можност во Карпош, пишете, однапред благодарам
Јас имам одамна желба да одам на кик-бок, али не за обликување туку заради тоа што сакам да знам некоја боречка вештина, да ми се најде Али срам ми е сама да се појавам таму, немам кандидат за со мене. И да бај д веј ако знаете каде има, пишете. Веб страна или нешто.
Девојки и јас исто барам, повеќе сакам бокс ама и кик-бокс сеедно.вујко ми тренира бокс ама таму само машки имало и глупо ми беше ако се запише некое девојче (ако може ) или ако иам некој кандидат за со мене ќе идам. ако најдете нешто пишете. фала
Мислам дека 1500 беше,само да те информирам,после 4-5 месеци тренирање кик-бокс треба да излезеш на спаринг..
У превод,треба да се лупаш со друга девојка или момче кое е пуси во градба и душа. Ама не,тие што тренираат рекреативно немаат потреба од такво нешто. Ајде ако се информирате за кик бокс за женски пишете тука.Многу сум заинтересирана,одамна ме занима,ама не до тој степен да прашам и да тргнам,ама сега стварно рогови ми никнаа,сакам.Мислам дека е спорт за мене ептен тамам. Од кик бокс се губат доста масни наслаги,а на сметка на тоа се прават доста мускули,особено стомачни.Со други зборови,не те прави слаб,те прави добро обликуван и цврст. Ееех...која крајност...според мојот карактер ми рекоа дека сум или за танц или за кик бокс...хах....
Леле стварно дај да се собереме да отидеме заедно пошо ја сама нема шанси да појдам а животна желба ќе си пропуштам
и јас исто во последно време многу се заинтересирав за спорт, особено кик-бокс...ем ке си го обликуваш телото и ем ќе ја исфрлиш сета негативна енергија ...уште да си најдам место по поволна цена и одма почнувам со тренинг без размислување ајде девојки...давајте уште предлози за кик-бокс центри и цени
и јаас хаха, а иначе сите дадоа предлози за кик-бокс а да не знае некој за бокс? пошо тоа поише ме интересира благодарам однапред.
Девојќи долго време сакав да се запишам на кикбокс. "Muay Thai and MMA Gym ''Akademija" кај Горан Карамфилоски . Знам дека има во основното училиште Коле Неделковски во Центар женски кикбокс . Термините беа вторник , четврток и сабота и се нервирав за сабота Цена : 1000 денари Немам друштво иначе одма би почнала со тренинг
Ако толку мн имате желба за нешто можете и сами да го остварите тоа, така да ако ви се вежба не чекајте некој др да дојде со вас и да ви прави друштво, што ке биде ако тој напушти и ВИЕ ке напуштите???
imas kik boks vo magnus, zenska teretana na juzen bulevar kaj tediko [mod-kirilica:3ciaj1kj][/mod-kirilica:3ciaj1kj]
Кик бокс Клубови во Скопје Клуб Локација Скопје О.У. Стив Наумов Про Кик Беверли Хилс Бумбар О.У. Невена Георгиева Шампион дом на АРМ Волк Новоселски Пат