сакам да знам каде можам да вежбам кик-бокс, но не за напревари туку за одржување на линијата на телото.поздрав
Tи можеш да си вежбаш кик бокс било каде во кој клуб, и можеш да си одлучиш да не идеш по натпревари. Ти ако вежбаш не значи дека МОРАШ да се напреваруваш, можеш да си спортуваш чисто рекреативно. Поздрав
Ee, јас веќе ја подзаборавив темава.. Инаку ако некој е заинтересиран за кик-бокс, знам дека има кик-бокс во Радишани (во Скопје е тоа, во школото Ацо Шопов мислам, ама не сум сигурна.. ) и се наплаќа 700 денари. Името на клубот го заборавив, ама ако го интересира некој, ќе прашам и ќе ви кажам.. Кик-бокс има исто и кај Урко, во Магнум фитнес центар мислам беше..
2000 е месечно, тренинзите се 3 пати неделно. Јас сум презадоволна општо од Магнус фитнес центар, го посетувам прилично долго. Имам одено и на фитнес и на кикбокс. Реално гледано, повеќе резултати забележувам од кикфит програмата, поради неколку причини: - трае 1 саат, а за тој саат и се исфрла цела негативна енергија (дејствува како јога ), и се трошат 600-900 калории зависно од тежината што не се постигнува ни за 3 саати фитнес - се вежба без одмор, всушност, паузите се правење стомачни, и со текот на еден тренинг се прават 300-500 стомачни и склекови - добро е за самоодбрана меѓу другото Доколку сте заинтересирани, не ни размислувајте за тоа дали вреди или не, затоа што е многу пати поефикасно од фитнес, аеробик, пилатес и сл.
едната од професорките што ми предаваше,одеше на часови по кик бокс се залеше дека се валкала по земја од болки, цела била со модринки, и не мозела тушот да го дрзи сметам дека Аикидо или Карате се подобри за самоодбрана од кик боксот
Супер е на кик-бокс! Многу јако! Многу се поти човек, забавно е на јако музиче , и ем се зајакнува телото, ем слабееш, ем си развиваш вештини сосредоточеност, насочување на енергијата за изведување на добар замислен бокс во замислена цел
Тренирав,скоро 5 месеци се откажав бидејќи останав само јас женско со куп мажишта.Тренингот беше супер 2 ипол часа убаво потење,ќе почнат дури и мускулите да ти се тресат,многу сакав да продолжам но во таква средина сум што неможам.Би сакала да стапнам на ринг,но засега е невозможно се надевам ќе имам наредна прилика но за оние 5 месеци научив да се одбранам,а понекојпат и да нападнам имам неизмерна сила и самодоверба САМО НЕКА ПРОБА НЕКОЈ ДА МЕ НАПАДНЕ!
Ах, мојот неостварен сон Колку само ми треба кик бокс! На прв план за да ја исфрлам сета негативна енергија, која преовладува поголем дел од времето, за жал...Дури потоа за слабеење, обликување на телото, техника за самоодбрана Спојлер а и за напад, кога е потребно и ред други работи...Но има низа фактори кои ми го оневозможуваат тоа...Друштвото и не е некој проблем, мислам дека можам да се снајдам и да бидат само машки ама како прво, мојот мил и сакан татко не ми дава да одам, демек не било спорт за девојчиња...а јас каква сум агресивна, подобро да не кажувам И после тоа нормално, паритееееее Секогаш ми се проблем, да му се невиди Мислам дека ако успеам да се запишам, тоа ќе биде најсреќниот ден во мојот живот Иако шансите за тоа се многу мали, сепак си се тешам дека можеби другото лето ќе најдам било каква работа и ќе успеам сама да се финансирам во овој поглед...
Јас едно време вежбав кик бокс во гаража, си направив вреќа и лупав, гледав на ју-тјуб како правилно треба и вежбав. После тоа дечко ми купи правилна вреќа и заедно си трениравме... Кик боксот е супер за исфрлање на негативната енергија а и за витко тело
Помос луѓее, многу ми треба да најдам кик бокс клуб во скопје или подобро во карпош, ве молаам ако знете каже те ми многу сакам да се запишам но незнам каде, инаку сум женско.. И ако знаете информации за клубот ве молам написете. Фала однапред!!
Ееееј, не паничи толку ќе најдеш клуб . Види на сајтот на град Скопје има листа на спортски клубови дали таму има некој налистан а ако не некоја феминка секако ќе ти даде информација. Инаку добредојде во спортскиот дел на фемина .
Јас можам да ти дадам совети за правилен борбен тренинг и општо за тренинг на делови од телото ама не знам клуб затоа што не тренирам во некој. Така да чим најдеш клуб а нешто не ти е јасно слободно прашај . Пиши им пп на некоја од феминкиве што се по борбените вештини може некоја ќе знае да ти каже некој клуб . Биди многу внимателна заради годините како тренираш зашто можеш многу лесно да се повредиш и ако не си вежбала пред тоа би ти требало прво неколку месеци општ тренинг за фитнес, еластичност и сила пред воопшто да почнеш со борбен тренинг .
^Трендафил, имаш во Магнус кај Урко мада таму колку што знам многу беше скапо а имаш исто и во Радишани, во школото Ацо Шопов за 700 денари, сега знам дека е премногу далеку од Карпош тоа ама не ми текнува кај има на друго место тренинзи. За термини незнам точно ама ќе гледам да се распрашам.
Фала многу!! Радишани ми е многу далеку а мајка ми ми кажа ако планирам да се записам тоа да биде некаде во карпош или влае бидејќи живеам во К4.
Епа тогаш, оди во Магнус Фитнес Центар и распрашај се за кик-бокс. Тоа ти е сигурно поблиску од Радишани. Ама мислам дека таму се плакаше 2000 за три пати неделно. Ама, ако те интересира и за бокс, пиши ми ЛП, за тоа можам сигурно да ти кажам. Eве ти ја и страната на Магнус. http://magnus.com.mk/ P.S. Биди истрајна и немој ако наидеш на било каков неуспех веднаш да се откажеш. Зашто за да тренираш некој спорт, треба многу љубов, секако и талент, но останатото е многу работа и упорност за да успееш. И сигурно после првиот тренинг мускулите ќе ти бидат воспалени, ама не се секирај, нормално е тоа. Немој многу да се напрегаш уште првиот пат ама сигурно тренерот ќе ти каже што-како треба да правиш. И пред да тргнеш, пожелно е малку да се размрдаш, загреј се, направи по неколку стомачни ама не претерувај. Можеш да изгледаш и неколку видеа на јутјуб од кик-бокс, чисто да ги видиш основните движења и малку повеќе да се информираш околу спортот. Среќно!
Фала за советот, имам слушано за магнус ама скапо е а и не го запислувам како место каде што можам да тренирам. А што знаеш за боксот зошто јас се двоумев ама мајка ми ми кажа дека боксот бил по опасен од кик-боксот, па еве ај ти кажи ми
Тоа е во професионален кик бокс. Али кит фит е рекреативно. уф уф колку сакам само, но како што ми кажаа за кит фит треба да си добро физички спремен, а улежан некој ќе се изнамачи, ќе неможе од болка да стане. Дури препорачувале 2-3 месеци фитнес или пилатес за раздвижување на телото па потоа кит фит. Кога ја гледам инструкторката во магнус се попалувам на телото
А што мислите колку е во ред првин самостојно да се почне перењку видеа ? Колку за почеток па тек после да се бараат клубови такви работи ? Барам мислење и од ИксМенот
Па вака . Да истренираш борбен кик бокс преку видеа е можно ама многу тешко, треба да си екстремно талентирана а има и одредени работи што ни едно видео не може да те научи, на пример како да држиш дистанца во борба нешто што и профи боксери грешат зашто или немаат талент и интелигенција или имале лош тренер. Но, можеш преку видеа да почнеш со некои основни потези и вежби за сила и после неколку месеци да си побараш клуб. Клубот не е толку битен во случајот колку што е битен тренерот кој ќе те учи. Има основни работи кои треба од старт да ги научиш правилно инаку цел живот ќе те пратат како сенка и ќе ти сметаат во тренинг или борба. Значи да ти сублимирам, можеш да почнеш преку видеа за да го зајакнеш телото, да набиеш сила и еластичност но за некој попрофи тренинг мораш да научиш некои ствари од добар тренер. На секој што не тренирал некоја борбена вештина или воопшто никаков спорт му препорачувам прво општи вежби за зајакнување на телото и набивање кондиција пред да се почне борбениот тренинг. Ако нешто не бев јасен прашај, ќе ти помогнам колку можам .