Кила после породување

Дискусија во 'Бременост' започната од ELIT-----84, 4 октомври 2016.

  1. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Мило ми е што не е кила кај тебе, јас ќе прашам на следна контрола ама се ми се чини дека е тоа оти баш како маслинка е кај мене испапчено и кога ќе легнам се собира навнатре. Инаку каде се прави ехо на абдомен? Не го прави гинеколог?
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Има различни видови кила. Ако ви е испапчен папокот, е папочна. Не мора да значи дека ќе биде само како маслинка, ако е придружено со дијастаза ќе бидете подуени од папок до желудник. А можете сами да проверите дали имате дијастаза, во претходен пост опишав. Најсигурно е преглед на абдоминална хирургија.
    Јас конечно се решив да се оперирам. Не сакам да се доведам до ситуација да се вклешти. Чекам да ми кажат термин и да соберам храброст до тогаш.
    Не ми се јасни и други работи, на пример дали по операцијата може да вежбам за да го средам и виснатиот дел под папокот.
     
  3. Sandra Di Kazmo

    Sandra Di Kazmo Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2021
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    113
    Јас па неможам да си дефинирам кила невервам дека имам, ослабев прилично си ја вратив килажата како пред бременоста со дијастазата се мачам кога и да измерам некогаш 1 прст некогаш 2 прсти ама надолу од папокот над црскиот негде ми е поголема, кога ќе застанам да мерам пирамидата ми е многу малце од на папокот и до долу и не е некоја голема како на сликите, горе мислам ја стеснав со вежби ама конкретно за долу вежби само неможам да најдам. Исто имам и многу стрии јас и кожата ми е растегната па првично мислев дека е од тоа исто имам и превиткување долу незнам како да го решам и тоа. Има некоја да предложи вежби за дијастаза за долен дел само фала :hug:. Оф си ги кажав маките ама ич не ми се оди по докотри со короната ако треба па и тоа.
     
  4. Sandra Di Kazmo

    Sandra Di Kazmo Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2021
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    113
    А и некоја имаше спомнато за некој стегач за стомакот јас мидер носев на почетокот ама сега некако баталив, па се си мислам можи требаше да продолжам....:?:
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    После 5 илјади години најава на форумов. Јас го решив проблемот со мојата кила. Не беше ич лесно како некои што викаа рутинска операција била. Е не е баш лесна. Ама мораше да се помине и тој пат. Па ќе видиме како ќе се одвива. Треба многу внимателност. За сега е ок.
     
    На happygirl, tina2018 и kockakockica@ им се допаѓа ова.
  6. ifv

    ifv Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    209

    Јас сум на чекање за операција. Имам папочна кила и над папокот. Веќе чекам подолг период.. Каде се опериравте ако сакате да ми кажете и како поминавте?....јас од толку чекање дури се предомислувам, сакам и втора бременост, сите различно ми кажуваат, бременост пред или по операција...не знам што е најпаметно...премногу ми е виснат стомакот исто како и сега да сум бремена, имам и болки не знам веќе што да правам.
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Ако планираш втора бременост, најдобро прво истуркај уште една бременост па после оперирај се. Во ГОБ 8ми септември се оперирав. И не погрешив. Многу љубезен персонал, многу чисто, заинтересирани доктори. Како во приватна болница. Такво треба да ни биде цело здравство.
    Повеќе детали во иМбокс.
     
  8. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    Вие што веќе сте го имале проблемов знаете ли што треба да се прави во бременост или по бременост за да не се појават кила и дијастаза?

    Помагаат ли вежби или повеќе штетат?
    Помага ли појас после пораѓај?

    Посебно за дијастаза ме интересира.
     
  9. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.354
    Допаѓања:
    5.242
    Пол:
    Женски
    Мајки кога лежам на грб и малку крената глава се активирани нели стомачните мускули. На допир имам вдлабнатина во должина од под папокот па нагоре.
    Тоа е дијастаз, папочна кила, стомачна кила? Што ли е?
    А еве 12 месеци како сум породена. Да одам на гинеклог?
    Ве молам искуства какобсе решава ова. Имам како благо стомаче.