Сакам да прашам и да слушнам разни искуства и мислења дали имате користено килибарно ѓерданче? Колку ви помогнало и во кои случаеви, дали само околу никнувањето на запчињата или и околу други здравствени проблеми? Гледам има со различна цена, па дали ако е поскапо е и поефикасно, и зошто дури има и до 1000 ден. и повеќе разлика во цена?
Немам користено, страв ми е да му ставам такво ѓерданче на бебе околу врат - морничаво ми е тоа... башка што син ми би го вадел, нема да сака да го носи, иако имаме прилично проблеми вадењето заби. Што се однесува до цената на ѓерданчето - не знам што ја диктира, ама знам дека кај нас тешко може да се најде ѓердан од природен килибар кој всушност е и најдобар. Повеќето се синтетички произведени, а природниот килибар/јантар е оној кој ги има благотворните дејства. Најдобра варијанта е да се порача директно од производителот - ем поефтино, ем мала царина, ем гарантирано природен балтички килибар. Природниот килибар е секогаш топол на допир, зрната на ѓерданчето се со различна големина, боја и провидност, може да се сретнат остатоци од мушички и други природни нечистотии заробени во времето кога се формирал килибарот. Имаше уште некои карактеристики по кои се препознава природниот килибар, читав неодамна, ако ми текне ќе допишам.
Има вакви герданчиња во Зегин, има на нив слика со упатство како треба и како не треба да се стаат за да не дојде до несакани последици. Инаку прав килибар би требало да најдете во Beauty Shop http://www.facebook.com/pages/Beauty-Shop/297902986883. Оваа е специјализирана продавница за килибар, мислам дека имаа и детски герданчиња. Да, сега проверив
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци Сестра ми имаше земено за внука ми ама не од Зегин, од една за бебиња кај Универзална, мислам Бебе Слим се викаше, дека продаваа и Слим марами. Многу беше задоволна, и откако и го извадија герданчето мислам дека малечката почна да се њецка со храна, да збеснува, може се поклопи, ама јас мислам дека многу ја смируваше герданчето, со запчињата немаше ама баш никаков проблем, не се излиави ниеднаш, не качуваше температура, не плачеше, буквално беше како да не и растат запчиња, што сега со последниве што и пораснаа без герданче веќе видоа доста мака, постојано рачињата во уста, не сака да јаде мека храна, само нешто за грицкање, тврдо, за да си ги чеша непцињата. Они го купија доста ефтинко, со оглед на тоа што беше чист килибар, истото во Зегин беше за 50% поскапо, а за таа цена имаше пластични кои ги продаваа како килибар. Право килибарно герданче треба да е како стакленко топчето, коњак боја отприлика, во на внука ми имаше дури и заглавено некој инсект внатре во топчето и ептен се гледаше дека е природно 100%
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци леле како ми текна ова Бебе Слим и Слим марами Тоа е кога прстите се побрзи од умот, едно мислам друго пишувам
Драги мамички, сакам да ве прашам во врска со ова килибарните герданчиња, за што се употребуваат и која е нивната намена за бебенцата/. Јас планирам да порачам од интернет па сакам да прашам за искуство, кога им се ставаат од која возраст и дали се практични, т.е. дали навистина делуваат така како што кажуваат?
Во врска со ќилибарните ѓерданчиња , јас не користев за ќерка ми ,планирав да купам ,но ми беше страв да и закачувам нешто околу врат и се откажав инаку мислам дека се наменети да се носат кога ке почнат да растат забчиња, за полесно вадење нели, дали од 4-ти месец па натаму , не сум баш сигурна кој повеке знае нека ме поправи инаку ги има по аптеките
Овде забележав дека може да пронајдете герданчиња и алкички од балтички килибар. Одат и со сертификат. Знам дека во зегин беа многу скапи кога сакав да земам на другар и другарка за синче. Спојлер http://www.facebook.com/photo.php?f...504220412945887_1535040782_n.jpg&size=773,773 Јас имам порачувано прстенчиња, а забележувам и дека не се толку скапи во споредба со цените од други места со накит од килибар.
Kалиас освен за полесно вадење на запчиња, ќилибарот има смирувачко дејство. Кај возрасни го користат за главоболка, забоболка и сл. А кај бебињата најмногу за запчињата, но сите досегашни искуства покажуваат дека освен безболното вадење забчиња, бебињата се по смирени, не се кенкави(како што знаат да бидат обично, без прекин), итн... Јас планирам да го купам денес, од Бјути шоп , таму има килибар. Досега за себе имам купено два пара обетки и навистина сум презадоволна, но од тоа како стојат , зошто за да имаат друг ефект, потребно е килибарот директно да ја допира кожата.
Se izvinuvam za kirilica od mob.pisuvam. Jas poracav denes od E-bay baltic amber od Litvanija i se okolu 10-15 dolari pa stom go dobijam ke vi pisam kakvo e gerdanceto. Inaku od koja vozrast mozam da mu go stavam i dali moze i jas da go koristam pred da poanam nego da mu go stavam ili da si e nameneto samo za nego?
Можеш уште веднаш да го ставиш, обично од 3месеци го ставаат, дека тогаш почнуваат маките со забчињата, но можеш уште одма да користиш. Инаку тоа си е само негово, како и секој полудраг камен така и килибарот си прима енергија од еден. Еве добри податоци за килибарот http://www.beautyshop.com.mk/article.php?id=14 Денес задоцнив, а бев со мисла да купам од Бјути шопот здравје Боже, понеделник ќе си го купиме и ние нашето
Еве не со герданче, конечно. Да ви кажам цената е 900ден, а јас зошто сум зачленета го земав за 700ден. Веднаш си го ставивме, па сега здравје Боже чекаме да видиме како ќе се покаже Она што ми е страв мене е како ќе биде за спиење со него. Ние ја легнавме денес да спие, со се него, но шубе ми е, а незнам пак која би му била целта ако го вадам. Ај ве молам дајте ми совет вие што имате како правите, за преку ноќ???
И ние сакаме да купиме Меу баш прашував во Бјути шоп, малава веке и почна едно запче само не знам кое ич не се разбирам од ова 1234, многу ме буни ама гледам пред некој ден набабрено, прееска бело и беше се надевам навистина е запче, матичнава од месец ипол ни вика запче е и никако да го видам тоа запче хахха, јас сакам искуства дали на некој му помогнало ова или ? и да како ќе го носи на спиење? ќерками како што пафта со рацете јас мислам ќе се задави. Има и алки има некој искуство со нив ?
Ние преспавме со ѓерданчето, додуша уште спие, но помина ноќта ми е муабетот Освен што не и се гледа повремено од гушичката, друго нема Не би требало ни во иднина да има проблеми, зошто е кратко, не е тешко, прелесно е, а килибарот помеѓу себе е со конче сврзано. Баш бебешко. А за ефикасност допрва ќе пишувам
Калијас, килибарното герданче е наменето исклучиво за една личност, нели и бебињата се личности , значи откако ќе го исрасне бебенцето не смее да се дава на друго, едноставно викаат дека нема ефект. Исто би било и со твоето, откако ти ќе го ставиш на тебе тоа ќе ја поприми енергијата и нема да има ефект на бебенцето, а нели примарно е бебенцето да има благодет. Во однос на тоа дали е безбеден или не, на почеток сестра ми и го вадеше на малечката, и го врзуваше за ноџе неколку пати свиткано, ама после некое време малово се навикна и немаше гајле, сега пошто е многу пргава нема шанси да го додржи на неа, ама кога ќе порасне сигурно сестра ми ќе и го става како моден додаток Ко што кажав, ова на сестра ми ептен и помогна, се надевам и на вас ќе ви помогне
Само да кажам дека нас лигите ни престанаа, денес воопшто не се лигави, раце пика во уста но многу многу помалку за разлика од вчера.
Meu немој воопшто да се плашиш да го оставаш да спие со него навечер...и мене мн ми беше страв па се будев на секои пола час да го проверам...тие се така направени да неможе да се повреди освен ако не го влече со рацете барем мојот така правеше додека се навикне а сега нема мака не го ни приметува дека го носи...а ефикасноста кај нас добро се покажа
Од овде зедов за дете од пријателка. http://www.facebook.com/photo.php?f...20412945887_1535040782_n.jpg&size=773,773 Балтички е килибарот и оди со сертификат од S&A. Инаку, килибарот има и начин да се чисти од соберената енергија, но како што напишала и AngelOfArh, потоа не би било пожелно да се дава на друго дете и покрај чистењето. Килибарот е кристилизирана форма на смола и е посебно обработена. Уште од дамнешни времиња, благородниците им ставале килибарни алки на нивните малечки за да ги смират. Покрај тоа има и исцелително дејство кога се работи за негативна енергија, не само на бебиња и деца, туку и на возрасните.
и јас бев истата на почетокот, можеш за спиење да му го ставаш околу глуждот ако ти е без везе (така правев јас неколку пати) ама искрено нема потреба , ние еве го носиме 7 месеци веќе и супер сум задоволна, ниту ми лигави , ама баш воопшто, ниту ми качува температура , а имаме 6 запчиња.Дали помага или не незнам , ама јас не планирам да и го тргнам дури не ги извади запчињата