Ја почнувам 30та недела со +6,5. Изненадувачки,само меше напред имам,а бидејќи сум голема женска очекував да сум слонче. Во лице сум испиена уште повеќе,може во 9ти ке отечам,пред пораѓај. Апетит немам воопшто зголемен,нит желба за одредена храна,напротив се заситувсм брзо дека ми е притиснат желудникот. До сега сум задоволна,очекувам уште 6-7 кг до крај да ставам,што не би го надминало очекуваниот просек.
Како напредува бременоста, се’ помалку ми се јаде и можам да јадам @dunika . Фул сум, немам место за многу храна Ама сепак, иако помалку се јаде, најмногу се качува последното тромесечие, мада тоа е и заради бебето што расте и наголемува на сало, плодова вода и сл. и е сосема нормално и очекувано. Бројката да не ве плаши ако изгледате генерално исто во раце/нозе/лице. Дебелеењето од храна се познава на телото Јас сум +8 кг за 8 месеци, задоволна сум. Очекувам уште 2-3 сигурно. Со првото отидов на пораѓај со +9, сега некое плус ќе бидам од тоа, ама не ми е битно. Не се осеќам слонесто, само округло
Да @Sexybaby86 читав дека ке почне сега телото да складира масти,кои подоцна ке се трошат при доење. Не се плашам од некое кило плус,само неќам да ми е тешко дополнително,би сакала да сум што повеќе активна до крај.Нека биде само се во ред со бебињата,килограмите се средуваат со волја и малку труд. Иначе кога се вртам во кревет,се осеќам ко да сум Атлас
Баш ме утеши сега кога прочитав дека дебелеењето од храна се познава. Кога се гледам,стомакот ми е најпоправен, во лице и други делови не ми се познава многу..
36+3 +13кг, некако многу ми доага затоа што повеќето ми се од 7ми натака пред тоа си бев баш нормална не ми се ни примекаше дека сум бремена а во последно време и се нешто си јадам безпотребно
И јас ја раситнив 32ра недела со +10 Не јадам ништо плус од тоа што вообичаено сум јадела, освен малку благо повеќе, ама ете... до крај не знам како ќе биде.
Јас сум 39та недела со +20кила, ама битно се да биди во ред, па после се надевам ќе се вратам во форма...
Јас се изгубив на почеток со мачнините и јадев што ќе стигнам. Качив 6-7кг. После стагнирав 2 месеци и еве сум сега средина на 6ти месец +10кг. Искрено, како преку ноќ да се здебелив. И тоа само на слика што се приметив во лицето и малку во нозете. Сите ми викаат дека не изгледам дебело ама пак 10кг се многу, со оглед на тоа дека пишувате во последните месеци најмногу се качувале. Што мислите да се ставам на протеинска диета? Ќе си внесувам месо и зеленчук, 2-3 пати неделно овошје.
Tрудница не смее да биде на диета. Јади си се во мали количини и често. Пиј многу вода, јади повеќе овошје и зеленчук, избегнувај газирано и грицки. Леб ако јадеш гледај да биде тоа наутро. Со лесно
Ве читам и се чудам Јас сум +7 накај +8 кг за 18 недели. Ама си ја носам истата облека. Имам само два пара фармерки за трудници. Блузите и кошулите, се ми е точно. Единствено малце се растегнати кај копчињата кај стомакот. Во градите ми стојат супер. Градниците ми се исти. Не разбирам....
Може како што пиша @Sexybaby86 се оди во бебето и во мешето,додека си ја носиш истата облека значи немаш гајле
Мене градите нагло ми пораснаа после 36та недела и по породување, се наполниле млеко Сега по 3м уште ми се мали прслуците од претходно а и не ме собирааѕ кошули/маици во делот кај градите.
И јас мислам дека не треба диета. Како што кажа @fana, помали оброци почесто. Еве денес што ќе јадам. Сабајлето за доручек околу 9:30 јадов две парчиња печен тонус, едното парче намачкано со ајвар, а другото со путер. Со тоа јадев сирење малку, нели не бива ајвар без сиренце малце Следно јадење ми беше околу 13:00, каснав две мандарини, две киви, 10 аронии и малку вишни. Околу 15:00 ќе сркам пилешка чорба со исецкани мевциња, со супа од петел во неа и со сварени и изблендирани: моркови, корен од целер, кромид и лук. Од неа ќе земам 4-5 лажици. После околу 17:00-17:30 ќе ручам две сарми, а ако ми се заарнат, ќе земам уште една Но не јадам леб, само феферонче. И, на крај, околу 19:30-20:00 за вечера ќе направам зелка салата со маслиново и лимон. И толку денес, во девет - во кревет.
Ти пишав еднаш, ќе ти пишам и втор пат: Каква самоконтрола! Ти се восхитувам. Додека идев на работа си имав рутина, контрола над се, организација. Пазење на исхрана, кик фит тренинзи, секаде пешки, дружење со луѓе секој ден. Сега ќе искочам на едно кафе и немам енергија за ништо друго, ни да си зготвам, ни да попешачам. Не знам како да најдам сила да се вратам колку-толку на стариот живот. Фала за дневното мени