Да секако. Наутро јадам 2 парчиња тонус леб комбинирано со ајвар, хумус маслинки, варено јајце, домат, краставица. За ужина или земам рака бадеми или хроно бисквити, ручекот ми е печено месо(зависи свинско, стек или телешко), со салата обавезно, за вечера јадам салата кога ми се јаде и малку месо од ручекот или едно варено јајце, обично касно ручав во 5 ипол 6 додека бев на работа и многу пати не бев гладна, во последно време ми се пие само млеко навечер(ќе почнам од вечер со бадемово или кокосово). Пијам по две чаши како без шеќер. Сега кога сум дома порано ручам и имам обавезно 3 оброка.заборавив јадам и лека и бел грав само по еднаш неделно
И јас ич не качувам, стојам на +3 вкупно од почеток на бременост, а денес влегувам во осми месец. Страв ми е да се качам на вага, да не сум ослабела Ама па бебето нормално се развива и тоа ме теши.
И јас сум во иста ситуација, но мене ми кажаа дека треба максимум 3 јајца неделно можам да јадам, и месо само пилешко, телешко најмногу еднаш во неделата а црвено никако. Мешунките ми се дозволени постојано. Малку обратно
28+0, +7.5 кила. За овие 5 недели само пола кило, но последнава недела многу ми се намали апетитот, дека се загрижив со цервиксот. И досега не ми беше толку важна килажата, ама сега пак воопшто, само бебувчето да е во ред и да остани внатре што подолго.
30 г.н. + 8 ,незнам многу ли е малку ли е ама ке се оправеме после пораѓај се надевам со тоа што при сам пораѓајс е губат околу 6-7 кила што сум читала,може и повеќе.
Сега 11та недела стартував со 56кг имам 57. Тие 6 никогаш не ги вратив после порајѓај,немав време. Сега што е за право мачнини многу и поврајќање па и апетит немам.
Јас 19та и +5кг кога читам други мислам дека е многу...не јадам ништо повеќе, секако сега не се движам толку нема каде. Кога ќе пробам некој фармерки точни ми се, во лице раце не се имам променето можеби е се во стомак и околу..?!
Да ,иста сум и јас .. нозе задник раце лице се ми е исто .. само стомакот како фудбал.. се ни е во стомачето
14+6 недели +1 кг денес првпат ми покажа. Инаку 3 месеци не качив килажа, не сакам да се поправам многу. Си имам и онака јас килажа. Не повраќав многу, нормален апетит си имав, само движењето ми е сведено на минимум и среќа што и само 1кг сум поправена, можеше и повеќе, само лежам и низ дома малку движење. Оброците ќе ги сведам на минимум, почести но помалку на количина. По апликација максимум требало 10кг да качам.
Јас до 25-6 недела бев плус 11 кила и кога открив скриен шеќер до крај 40+ не качив ни грам плус. Почнав со 59, се породив со 70. Сега имам околу 58, 3 ипол месеци после пораѓај а јадам како вол. Доењето ме утепа, ама ако продолжам вака да јадам црно ми се пишува..