Јас не ослабев многу, ама јадам стварно премногу. И често, душата ми се стеснува ако не каснам нешто, што не било случај претходно. Ни додека бев трудна не бев лакома, ама затоа сега..
Има, во бебе. Не знам точно дали пишува нешто во врска со јадење и пиење, ама има корисни работи. Инаку јас избегавам храна што ствара гасови, пијам многу вода и чај за доилки. И телото само си бара, особено течности.
10тина може до 12 мое мислење Едит: Сега изгуглав, во просек 6 се губеле со самиот пораѓај, но неделата после губиш вишок течности, така да може тука ќе дојдеш на мојава процена. Јас кога дојдов дома после 2 дена од болница имав 9 кила изгубено.
Пред некој ден гледав емисија за доење и педијатарот кажа дека исхраната на мајката нема влијание врз грчевите кај бебето. Мислам дека во оваа емсија беше.
После пораѓај стомакот ми беше како 6-7 месец бремена,на пораѓај отидов со 68, дома кога се измерив 64 .Бебето беше 3кг. Сега со второто внимавам што јадам. Денес сум 28н+6д и имам качено 5 кг.
Јас бев 6 кг здебелена а денес се мерев имам ослабено 1 кг што значи 5 кг сум до сега а сум 36+2. Затоа ме интересираше колку се намалува дали ќе си се вратам одма. А гледам последниве два дена сум многу отечена
Моја најдобра другарка се поправи 14 кила ,дома си отиде од болница со -8 а до 40 дена на бебе беше послаба и од пред бременост. Да имаме надеж и ние хахаха
На пораѓај отидов со 79 кг а дома после два дена се вратив со 70.5 кг. Еве 12 дена после породување и сум 67 кг а стартував бременост со 64кг, што значи дека многу брзо ја вратив килажата и секој ден се повеќе слабеам. Инаку дојам, нон стоп ми бара организмот вода. Од се заклучив дека сум имала многу отоци, ми се врати телото како пред бременоста. Но не би сакала многу да ослабнам бидејќи ја дојам малава.