Јас кога ве читам не ми се верува...ништо повеќе не јадам од пред да останам бремена а некако многу брзо качувам. Ми се чини како секоја недела по скоро кило. Инаку по 4 5 дена не можам на вц да одам, можеби и тоа придонесува што мислите? Не се осеќам здебелено само стомакот ми е пораснат многу. Иначе со 61кг почнав, сабајле 68кг се измерив за завчера 67кг бев...21ва недела сум и искрено денес ме фати паника
И јас на почеток ги качив. Во 25-26та бев +15кг и од тогаш се немав измерено. Мислев дека сум веќе +30. Се мерев завчера и сум пак +15 и тоа ми кажаа вагата повеќе покажувала. А јас се осеќам доста подуено. И тоа што не идеш редовно во вц може да ти покажува некое кило плус.
Бар да имам апетит да знам од тоа е ич нема да ми е жал не сум љубител на благо, пешачам долго навечер....се надевам ќе стагнирам.
Почнав некој сок од цвекло да пијам сабајле, маж ми 2 голтки и летна у вц ја и кафе и еве си дремам ме утешивте малце ако и вие сте качиле побрзо па после се регулира, ама ко ќе прочитам +3кг неверојатно ми е
Леле 4-5 дена? Научена сум секое утро да одам во вц, еден ден ако не отидам кога ќе станам, паника ме фаќа. И покрај тоа што подоцна дента сепак ќе отидам. Откако почнав со протеини и да внимавам поради скриениот шеќер, почнав секој ден по две полни лажички тазе мелено ленено семе во 3-4 лажици кисело млеко или јогурт. Тоа мислам дека ме спаси, пробај редовно секој ден да земаш. Многу е тоа денови да не отидеш во вц, јас би пукнала.
И јас исто секој ден пред да останам бремена, полудуем ама што се не пробувам. Има една вода со магнезиум е полна, се пие на собна температура сабајле на гладно, значи од црева чисти ја ништо Ајде со ленот да видам уште тоа мислам ми остана. Фала
А природен сок од јаболко или модри сливи? Млеко исто помага, магнезиум во поголема количина (2х250мг сабајле и вечер).
Ова за во бременост ти кажувам, секој ден одам во вц и ми тежи ако не отидам сабајле, стомакот како полн со камења ми е. Којзнае тебе како ти е со толку дена да не одиш. Секој ден во исто време каснувам од ленот и не ме прескокнало ниту еден ден. И пиј вода обавезно. Јана спомна за модри сливи. Ако немаш скриен шеќер, свари си компот од модри сливи и после изеди ги и сливите и испиј ја течноста.
Правев и компот од сливи и јаболки, првиот ден ќе ми помогне после ништо. И ќе се изнатрупам со други ствари за таа намена и ништо само цревата ми зујат и гасови. Баш ми е ризично, или ќе одам у вц или ќе ме убијат гасови Ќе пробам со јогурт и лен сабајле сега купив. Инаку пијам многу течности, на почеток на бременост имав па дијареа нон стоп и ми го намали матичната магнезиумот. Пак ќе кажам, што и да е еден ден ќе ми помогне, но не ми го регулира на жалост...
Мелен да е ленот, не цели зрна. Стави во јогурт и остави 10-15 минути. Ќе се згусне и исркај го Ама биди упорна и секој ден, не се откажувај ако после ден-два уште нема ефект.
Да да имам онаков нутри булет што меле и семиња, ќе бидам упорна немам избор. Фала многу на сите, глупо ќе биде да се фалам, рачунајте сте помогнале ))
А не, без да се пофалиш е исто како да не биднало Или ај, ако и' дадеш ист ваков совет на друга некоја, ќе знаеме дека си успеала
Ајде добро еве се фалам ама не само ленот, го јадев два дена и ништо...ми дадоа во аптека некој прашак за подобрување на работата на цревата и омекнување на столица. Рече дека моево е веќе проблем и подобро да се регулира него да идам еднаш и толку (јас барав чепче или рицинус). Од прашокот и ленот и пазев да не јадам тврдо суво, се нормализираше. Фала за совет и што ми ги читате глупостиве *
А бе какви глупости, не се глупости ова. Органзмот се трудиме нормално да работи колку толку, секако дека ќе бараме совет. Од само два дена ленот можеби нема да проработи, редовно треба јадење за да се среди. Тоа се бетонирало кај тебе, сака време за да пробие Не прекинувај, секој ден во исто време продолжи и ќе немаш гајле. Но внимавај и на исхраната, продолжи да не јадеш сува храна. Ќе си фатат ред цревата, само упорно и со внимавање.