Ми е мака шо се нервирам за килограмите пошто тоа е резултат на нешто најпрекрасно! Но, феминки не знам шо да направам. Значи пијам скоро по 3л вода на ден, вежбам по 2 пати неделно, работам на место кај што сум нон стоп во движење и што е најчудно јадам помалку од било кога. Порано јадев по пола бел леб на јадење и качував по 1 до 2кг за пола година, година. Сега воопшто и не конзумирам леб ниту јадам многу количински а сум скоро +7кг 24та недела. Дајте некој совет...
Олииии блазеситиии. Јас 16та 3+. 60кг рамно сум а и стомаков доста почна да се познава... А склона беше кон дебелеење?
Па сум. Ако не внимавам, отидов. Но активна сум, вежбам и така се одржувам. Во бременоста не вежбав, само внимавав на исхраната, но премногу внимавав, а кога проверив скриен шеќер тргнав јаглехидрати и веќе не качив ич. До проверката бев +4 кг, па кога намалив јаглехидрати, останав на +1,5 до крај. Ниту еднаш не повратив, немав гадење, лошење и киселини, само цела бременост немав апетит и мозокот ми беше исклучен за примамлива храна. Јадев со сила и затоа што мора. Нездрава храна ми забранаа од другата планета, а јас сум дисциплиниран човек Си зацртав дека нема глупости да јадам и мозокот не ми бараше ништо. Карактерот ми е таков, ако не следам тоа што сум зсцртала, потоа се јадам жива и за да се поштедам од тоа, не отстапувам од зацртаното.
Браво блазе си ти за истрајноста, позитивноста за се Туку вака ко свежо породена, ме интересира дали имаше големи отстапки во килажата на бебуш од тоа што го измерија последно преку ехо, со родилна тежина? Велат многу нагаѓале на ехо...
14 г.н - 1,5 кило Сите накачувате само јас не успевам. Нормално ли е ова? Инаку јадам скоро се,немам гадење..