еве јас да ти кажам мое искуство од повеке доктори го добив истиот совет дека до 6 ти месец не би требало да качам повеке од 3 кг со првото качив 10 , па и сега тука некаде бев ,зборувам за до 6 ти месец , а за цела бременост нели дека е во нормала до 12 кг, само не сме сите ист организам и немаме ист метаболизам ,и многу зависи со која килажа ја почнуваш бременоста ,така да колку можеш да го контролираш апетитот во бременоста не знам малку тешко оди ...
Јас влегов во 8ми месец и имам качено 12 кг вкупно, се надевам дека нема да идам до 20 кг, ама како ми се јаде во последно време лелееее никогаш толку не сум уживала во храната имав 56 сеа сум 68
ahahaha vo pocetokot bev 57 sega 65.. sepak misalm deka ne e mnogu za do 6ti mesec .. ke se pogrizam za ponatamu
За тие што качиле малку кг, што да јадам на работа, овошје некако до вечер 17,30-18 кога ми доаѓа дома д а јадам, сум пробала ама некако прегладнувам, јогурт со житарици никако, ме дуваат, ѓеврече нешто така, што јадете? Досега мислам дека сум добра, секако е многу рано и мислам дека немам качено кг, но не знам како ќе биде натаму и така си имам вишок.
И ти како мене... и јас стартував со вишок кг.. јебига непланирано останав бремена и додека се свестив немав време да слабеам. Сега сум скоро 21 недела, здебелена сум само 1кг. Искрено воопшто не внимавам што јадам.. јадам тоа што ми се јаде и кога ќе ми се јаде.. сега за сега сум супер. Матичниот гинеколог ми рече дека максимумот за качување килограми во бременост е од 8-12кг и ми нагласи.. тоа за тебе не важи ти гледај да качиш 8 или помалку од 8.. бидејќи стартував со вишок. А и да ти кажам искрено ич не му ја мислам.... ако почнам и за тоа да се замарам кај ќе ми е крајот. И тетка ми стартувала со вишок.. и иако и рекле да внимава да не се здебели таа се здебелила 45кг што е ненормално многу... и ден денес си го носи тој вишок а поминати се веќе 15 години откако има родено.. не се ни труди ниту се трудела да ослаби.. убаво и е.
Мислам дека досега имам качено малку, 3-4, да малку се. На исхраната воопшто не внимавам, јадам што ќе ми се пријаде и во било кој дел од денот. Така да мислам дека за качувањето на кг во бременоста зависи од организам до организам
И јас кацив 3-4 кг до сега,а сум веке 20та недела Не внимавам многу со јадењето,и си јадам сто ми се јаде па за понатаму ке видиме како ке се одвива кацувањето на килограмите
Исто Сара, па уште си се фалев викам ееее се си јадам ништо не ми се фаќа сега имам 14 кг плус 31ва недела ми течи и се нервирам али тоа е се тешам дека ке ги симнам кога ке се породам
Јас до сега сум ослабната 4 кг. ама не дека пазам туку на сред јадење ми се згадува. А кога ќе ми се згади ми помага одма бонбонче од лимон или портокал. Инаку додека сум на работа јадам тенко стапче (онакво како многу тенка кифла) со јогурт и/или зденка, овошје особено банани и јаболки, цеден портокал, инстант супа (такви по 2 пијам и одма се прават во чаша за чај). Еднаш се зезнав со пирошка и после 2 дена ми се гадеше од секаква храна. Исто многу ми одговара да јадам компот од Виталиа (особено оној што е од праски). И не е скап, го има и во Веро околу 80 денари е цела тегла која ќе ја јадеш 2-3 дена. Значи вака не изгледа како мнооогу храна, ама и не е убаво да се оптеретуваш со многу јадење наеднаш. Тука во ова моево имаш 4-5 оброци, значи на секои 2-3 часа имаш јадење, значи ќе бидеш цело време сита.
Не знам до сега, мислам дека не сум поправена, дури добив комплимент дека сум ослабната, ама не верувам, бидејќи мешето почнува да ми се дува некако, ама си знам од што ми е тоа, си има јас одсекогаш проблем со одење во wc, во последно време си го изрегулирав со лененето семе,ама сега морав да го отфрлам, шубе ми е да користам така некои работи, прочитав дека всушност е корисно за бремени жени заради Омега 3, но на некои американски сајтови пишува дека всушност и не се препорачува бидејќи може да предизвика предвремено породување, сега за сега го намалив на минимум, бидејќи и како што ми е спор метаболизмот не знам кај ќе ми е крајот натаму. И си јадам многу овошје насабајле и така по една чаша јогурт или пак ѓеврек, дома по една кришка леб со јадењето, најчесто е нешто полесно, ама склона сум кон дебелеење, па ќе видиме како ќе биде супер за вас што си немате вакви маки, секако дека бебето и здравјето се најбитни во овие месеци, ама ете не сакам да сум мече, ме чекаат битни настани на многу блиски личности, ете така се погоди.
Скарлет, јас имам проблем со дебелеење И исто како тебе имам проблем со одење во тоалет (од секогаш сум го имала тој проблем да одам еднаш во 2-3 па и 4 дена). Затоа си земам компот - земи ќе видиш дека ќе помогне (особено оној од сливи, но јас често земам и од праски). А бананите не се за нас, ама јас јадам бидејќи ме заситуваат и од нив не ми е лошо. Ете ти неколку идеи за доручек. Гледај само да се движиш, да пиеш вода и да не јадеш доцна навечер. Јас ќе се трудам да не качам килограми не само заради мене и бебето туку и велат дека со повеќе килограми доаѓа и малку потешко породување. И не се секирај, ние имаме среќа дека доаѓа лето и ќе имаме голем избор на овошје и зеленчук
Охооо да едвај чекам да ми почне сезоната да и јас се тешам со тоа, плус навечер е топло и пријатно па ќе удриме и на шетање, вака од овие дождови неможеш да мрднеш.
Ако внимаваш на исхраната нема да качиш мн на килажа , еве јас со искуство од првата бременост не внимавав и качив мн , а се качуваат и повеке од обично затоа што активностите малку ги намалуваме па се лепи се за нас плус зависи од организмот сепак живот носиме во нас па сите се шириме на одредени места од телото еве со оваа бременост внимавам повеке и сум позадоволна ем ми е полесно на организмот ,на желудникот ем не качив нешто многу на килажа ,поздрав и со лесно
Форко не ме потсетувај колку маани ми најде матичниот ,и никој друг освен него , завчера на контрола се измерив едно килце сум спуштила значи до сега 13 во + за мене е искрено успех ,зошто со првото бев над 20 + ке му отидам после пицната само да се олеснам за инат
Еве ме и мене повторно Се јавувам во оваа тема можеби и за последен пат.Денеска бев на контрола и сум +3кг од претходниот пат или вкупно од почетокот па до денеска +17кг.Искрено и не се замарам повеќе со кг одвај чекам да се олеснам а за симнување на килограмите ке мислам подоцна хехех Си давам фора до крајот уште 3 а и не мора хеххеххе Доста ми се 17кг. позззз до сите и се читаме во другите теми.
Мене гинекологот ми рече дека морам да ослабам пред да останам бремена Затоа сакав да ве прашам со колку кг стартувавте во бременост, Да знам до кај сум