Разликата со последното ехо беше околу 300 гр, но нели таму кај мерките пишува (на пример) +/- 400 гр.
Зависи колку често одиш на контроли, зависи од апаратот и дали е спретен докторот. Мене докторот кој ме водеше измери 200 гр повеќе, а на последно ехо бев два три дена пред пораѓај. Сепак според сите мерки беше јасно дека бебето ке е крупно. Кога отидов на пораѓај, докторот кој ме прими, на прво гледање на ехо виде дека е голем плодот (според обемот на главата мислам) и праша дали имам скриен шеќер. Не нагаѓаат (не сите) тоа е компјутер кој пресметува килажа според димензиите на коските и обем на глава стомак. Биди среќна што не качуваш. Килажа смета на се, на срце и циркулација, зглобови, за пораѓај не чини. Ма можда ке качиш 20 до крај. Последни три месеци плодот качува килажа, плус отоци.
Jas sum uste nekoj den 23g.n. 6ti mesec ke go pocnam, ja pocnav bremenosta so 94kg.pa za da dojdam do 82kg. A inaku lani ovoa vreme, maj mesec bev 120kg. Mislam deka e vo red mojata kilaza. Imajte si ubav den, ☺️☺️☺️
Wow! Ти се дивам на решителноста. Секоја чест. Не се секирај за остатокот ќе го изгубиш трчкајќи по бебуш. Јас бев на построг режим пред да останам бремена ама го прекинав. Сега за сега 13та недела немам ни 100гр качено. Ама си имам одвишок нека си влече малото. Да си имаш убава и здрава бременост до крај.
Fala, i ti isto. Fizicki sum aktivna, po 2km.dnevno gleam da se dvizam, si pravam vezbi, ne e samo aj trudna sum pa da jadam se zivo i divo. Fala mu na Boga do sega e super. Do kaj 10/12.08. vlevam u 9ti, pa sekoj moment ke cekame. Pozdrav
Мене 60 грама ми утнаа само на ехо, го измерија 3100, излезе 3040. Инаку не мора да значи дека ќе се здебелите ако внимавате, јас до 5 месец имав плус 10 кила, па се свестив и на пораѓај со иста килажа заминав. Тогаш кога нагло се здебелив и отекував, на крај ич немав отоци, дома после пораѓај си дојдов со плус 2 кила од почетна килажа. Сѐ е до вас, најтешко е да пазиш на исхрана во бременост, ама за бебето и за себе некогаш мора.
Се породив точно на термин, отидов со +15кг значи 85кг имав. И тоа имав скриен шеќер и пазев што јадам ама повеќето кг ги качив на почеток. Од болница искочив после 5 дена со 77кг, а после 8 дена од пораѓај сум 74кг. Многу намалив со самото раѓање. Бебушка 12 саати пред раѓање ехото ја процени околу 3500гр, а се роди 3900гр.
19+3, почнав со 79, сега сум 86. Докторот вели дека е ок со оглед на тоа дека смеам само малку пешачење, ми забрани вежбање и друга физичка активност поради ниско носење на плодот. Инаку пазам на јадење, доста овошје и зеленчук, не пијам ништо газирано... Не знам што да правам.. како што тргнало со 100+ кг ќе отидам на пораѓај...
Јас сум 20*4 и сум само 1 кило поправена, но стомакот ми е поголем и често наидувам на коментари од типот големо бебе, а да не ви казувам за фаци правење؛ И го казав на докторката сево ова, и ми рече дека бебушка е супер за неделите, но сепак коментарите ме вознемируваат؛ Има некој како мене со големо меше?
Јас на пораѓај 38+3 отидов со +18кг. Почнав со 59,а завршив со 77. Цела бременост ја лежев така да добро што не ставив и повеќе. Дома дојдов со 68,уште првата недела изгубив две кила. Сега после 2ипол месеци имам 64. Пазам што јадам зошто дојам,ама оставам простор телото само да се врати во нормала . Како и да е уште малку ми останаа за симнување
Јас сум со големо меше. Кој и да слушне дека сум 5ти месец сите ми викаат машала големо... а бебе си е тамам, неколку дена понапред, не со недели ко што слушам дека е нормално.. Нека ни се здрави и живи, како и да е, луѓе ќе зборат..
Луѓе како луѓе не си ги гледаат нивните работи за други зборат стално е така. Битно се да е во ред со бебушот, а стомакот си е за растење фала богу. Ако не се познава ќе кажат дека нешто не е во ред мало бебе, а ако имаш голем стомак многу големо.
Е, а јас до 5ти па немав ништо. Не знам како е можно, малце како надуен од храна. И секое гледање со пријатели ејјј па кај ти е стомакот или како бе немаш уште, па кој месец си....мајко мила! И сеа нагло ми порасна и истите тие лелее буцка... не знам кој профил на луѓе се тоа ја никогаш и за никој неам коментар освен "зрачиш" и "преубава си"