Многу е битно дали јадеш редовно, 3 главни оброци и 1-2 ужини. Кога јадеш почесто и помалку го забрзуваш метаболизмот. Пробај со јадење на 3-4 саати, немој да гладуваш навечер, но последен оброк саат и пол до 2 пред спиење.
21+5 недела, 3.6 кг.... Вообичаено не јадам благо многу, но сакам хехе се надевам желбава ќе стивне, јадам повеќе овошје.
Секое килце плус ми оди во стомакот мислам Не припазувам , се си јадам , освен бел леб , никогаш не сум го јадела. Ама па немам зголемен апетит , не сум стрвна
35та недела +9кг Да ми кажеше некој дека во бременост ќе симнувам килажа немаше да му верувам. Башка што јадам три главни оброци и 5 ужинки
21г.н и сум +4кг.Се чуствувам отечено, подуено. Може звучи себично меѓутоа нон стоп мислам на килажата и ме фаќа страв од дебелина т.е го сфаќам како некој вид фобија. Дајте кажете некој режим на исхрана како не би се качувало толку многу кг. Прилично сум ниска и секој кг ми пречи и во движење и во се... :/ како жити се на воздух ли живееше
Да, заради шеќерот сум на посебна исхрана Боље да не знаеш Ако си на диета заради скриен шеќер секако се ослабува или се стагнира... Ама не е ништо страшно, бебињата си растат нормално па дури и поголеми се
Не бе каков воздух, имав 4-5 оброци. Баш треба да се измерам и да видам каква ми е сегашнава килажа после породување во однос на килажата што ја имав кога останав бремена.
20 нед. +4.5 кг. Проблемот е што имав почетна тежина 79кг (најголема до сега), сега стигнав до 83.5. Знам дека тешко слабеам, целулитот ми е се поизразен, имам и стрии од претходно...не одам на работа и слабо се движам (по дома само чистење и готвење) Вежбам јога чат пат, ама воопшто не сум мотивирана, мислам дека нема надеж да ја доведам килажава во ред...како стигнав до оваа цифра на вагата не ми е јасно. Сега знам дека не е време за диети, гледам да јадам здраво, само бебушот да биде во ред, се надевам дека ќе ја доведам и јас мојта тежина во нормала еден ден♀️
33н. 7+ Јас сум задоволна,морам да лежам и не сум активна. За среќа немам зголемен апетит. Дома сите ме караат зошто не јадам повеќе.
Не се замарај со тежината искрено јас од кога дознав дека сум бремена до 8ма недела имав мачнини после наеднаш се изгубија од тогаш јадам како никогаш до сега. Моментално сум 21 недела +6 кила со тоа што не пазам на исхрана све јадам, а за благо да не правиме муабет. Али скоро секој ден пешачам барем еден круг низ населба ми е доволен и така си се одржувам. Повеќе оброци во текот на денот, не да седнеш и да се прејадеш па после да се каеш што си изела толку. Јас јадам на секои 2-3 саати како бебенце
Од денеска ќе почнам да живеам на кисело млеко и вода 7кг поправена 26 +3... Од претходниот преглед (нема ни месец) имам качено 2кг... Аман... Ако имате некој неделен план за исхрана пишете плс...
Еве и ја да се надоврзам. Завчера на преглед ја прашав Др како може 8кг да сум + а 25та недела. Само стомак и гради, но приметив на нозе целулит (никогаш не сум имала) значи задржана вода. Др рече дека слаби жени и нормална килажа качуваат побрзо затоа што природно телото таложи не запамтив што и дека после стагнираат. Ми рече дека од мене очекува макс +14кг да сум до крај. А дебели жени на почеток ништо не качуваат, но задните пар месеци....сте виделе или знаете и сами.
Не јади бел леб, сокови никако, избегнувај тестенини. Јас најмногу се гоев од теста. Повеќе месо и салати, јајца (протеини). Јаглехидратите гојат, белото брашно.