Бел леб не јадам веќе 3 месеци, кока кола пијам по 1 чаша кога имам киселини... На крај на краишта веќе аман со таа преокупација околу килограмите. Ми ги претставија тие 7 кг ко божем 107 сум качила. Едно време денеска ептен бед ме фати и кога подразмислив и си поразговарав сама со себе ми стана полесно (хехе). И така...
Хаха, ништо страшно де.. Јас кога бев колку тебе бев +10, ама од здравствени причини морав да пазам и останав така до крај. Не знам дали зошто беше лето, ама отекував бумбар тој период. После до крај јас оток немав. Уживај, брзо се симнуваат ако доиш, и општо околу бебе кога ќе бидеш ангажирана. Ако си здрава, терај си. Башка може и во право е членката дека послабичките понагло качуваат на почетокот.
Јас во истата недела бев плус 8, до крај негде качив околу 17кг. Никој од докторите не ми рече дека е многу, ама секој организам е различен, па јас споро ги симнував. За време на бременост не отеков, туку откако се породив
Не се согласувам дека со доењето се симнуваат килограмите, еве 4 месеци се доиме па немам намалено ни грам не килограм, само тие 5 6 со пораѓај што ги симнав и толку а во бременоста качив 13кг претходно си бев слаба а сега никако да намалам. Не знам до што е работата
По правило ако доиш стомакот побргу ке ти се врати во нормала. Самото доење предизвикува контракции на матката за да се собере. Ама како за се друго така и за ова се зависи од случај во случај.
Зависи од жена до жена,мене ми кажаа после шестиот месец,кога бебето ќе има сила повеќе да исцица тогаш се трошеле побрзо. Секако треба движење и да не се претера во јадење. Јас дојам 3 месеци и до сега ослабев скоро 4 кила, кај секоја жена е различно,зависи и до метаболизмот. Треба малку и да си дадеме време
Дека секој организам е различен и различно реагира се согласувам. Јас зборувам лично за мене дека само со доење не намалувам, и пешачам и велосипед возам и не јадам премногу но изгледа додека да ми се средат хормоните така ќе биде..
Не си ме видела пред да останам бремена. Коска и кожа бев, неухранета што се вика. Само еден задник на мене што го имав, друго ништо. Лицето само коски. Имам во скриено катче слика од свадбата, од венчаницата. Тогаш имав 42кг. А висока сум 164. Бременоста ја почнав со 44кг. Јас се радувам на секое килце качено. Под 55кг после породување никако не сакам да паднам. Мм ме зеза, вели ме разубавил сега и ме поправил бесплатно Дека се пробав и никако не можев да се поправам. Убава си ти. Не си дебела. Бремена си Золва ми еве веќе месец ипол има како е породена ,ја врати старата килажа. Вели ја вратила од умор и немање време да се јаде
Немам дома вага иначе ќе се опседнував деновиве ќе одам кај мајка ми на гости па ќе видам до каде сум Првата бременост пред 7год ја почнав 52 кг, на пораѓај отидов со 60.. Сега 7години после почнав со 62
Јас бев пресреќна што после пораѓајот нагло почнав да слабеам и имав уште 3кг да ги ослабнам и да се вратам на старата тежина (од +15кг). Арно ама ради мојата исхрана бебушот малку качуваше на тежина и дојдов до момент кај што требаше да бирам дали јас ќе јадам повеќе и покалорично или ќе му давам вештачко млеко. И така сега качив 2кг и сум +5кг. Баш ми е страв колкава ќе станам додека завршам со доење.
25 nedela tocno, od deneska, taka pisuva, zdravje se nadevam uste sum 82\83 kg. Mazenceto mi pomaga vo odrzuvanje na taka dobra kilaza hahahaha, visoka sum 1.70
Ах тоа тело пред 8миот месец.. пред да останам бремена ептен вежбав, немав грам сало на мене, стегната. До 7ми месец се држев, вежбав, стомак немав, 10плус бев ама како да немав ништо качено. 8ми месец почна мешко да расте ама пак ништо ептен многу, ме мислеа 6ти месец. 9ти... наеднаш топкаа,бумбар,страшна бев. За толку кратко време дојдов до 20плус. Со 10- излегов од болница, првите 2 месеци ни грам,а дојам, месец дена од кога имам добиено за прв пат, од тогаш -6кг. Абе се одтушив наеднаш. Сега тоа што не сум стегната е друга прича. Теретани не работат, а кај ќе одам со овај ѕвер.