Па прво околу 8-9 недела имав голем хематом и крварење, па неколку недели морав строго да мирувам. Ете тоа на почеток беше, и покрај тоа до крај на 3ти имав качено 1,5-2 кг. Мислев дека ќе биде ок. Сепак кг само одат нагоре.. Од Јануари сум дома што за разлика од претходно кога на работа поминував околу 10-12 км на ден, седењето дома и мирувањето ми го забави метаболизмот. МОжеби тоа имаше врска.. Со ивф сум, па може и хормонската терапија придонесе во килограмите.. Не знам стварно...
И јас сум исто ивф,мирувања,поради коронава затворена сум дома од 10 ти март и плус од 31ва недела почнав да имам предвремени контракции па лежам постојано. Не е лесно многу добро те сваќам.
Не викам дека е оправдување, само барам причина пошто исхраната мислам дека не е.. Ќе видиме како ќе се одвива периодов, ќе се пазам максимално, па ќе се надевам дека прво здравствено ќе биде се ок, па и дека нема уште многу да се поправам..
Не мислам дека се оправдуваш... јас на маса ставив само овошје и кога и да почнам да чувствувам глад прво земам од него... Секогаш немам желба за зеленило ама во тоа го најдов спасот, и пак качувам на килажа.
И јас 30та +10. Во 27ма бев +9, качив брзо и некако стагнирам. Тоа едно кг го влечкам 3 недели. Не знам последниве 10недели како ќе качувам, ама поттајно се надевам нема со повеќе од +14 да ја завршам бременоста.
Ме утеши... се надевам дека и јас ќе стагнирам следниов период... 26та сум +10... се мрднав кога видов...
Зашто на диета па не е многу тоа. Со колку ја почна бременоста? Мене по апликацијава ми вика 18кг идеално да качам
Со 72кг сега сум 82кг и тоа до 5ти месец на инфузии бев, нон стоп повраќав. Како ги качив не знам. Мојав вика 14кг преку сила да качам, повеќе од тоа да не помислувам
Па како за 1 месец качи 10кг можеби затоа те ставил нагло ск качила многу килажа. Јас качив ете скоро 10кг ама во 10 недели
Не знам, преку ноќ ми пораснаа стомакот и газот Склона сум на дебелеење и со прва бременост 20кг качив. Ќе внимавам, тешко ми е ама тоа е