Наеднаш добро ќе следиш не се знае можеби ќе стагнираш летово е топло и се јаде повеќе овошје се пие вода многу
21ва недела од денес, качени 1,5 кг од почетокот. До крај сакам 10кг качени и толку ни грам повеќќе ни помалку Уште да беше се по нарачка,, Ќе видиме ајде, ќе ве известам
Јас па последниве недела, две стагнирам. Почнав бременост малку здебелена, со 72,5 кг, прво тромесечие ослабев 1 кг, а сега на 19+5 сум 74,3 кг. Дури минатата недела бев 300 грама повеќе. Значи околу 2кг горе-долу имам покачено. Задоволна сум засега и со оглед на тоа дека не се движам нешто многу надвор заради топлото, а цело прво тромесечие го прележав заради. Сакам најмногу +10кг до крај да бидам, но здравје. Апликацијата ми вика според висината и тежината дека треба најмногу 13кг да качам. Се учам да се самоконтролирам со јадење, инаку голем гурман сум
Колку и да не јадеш ако имаш задржување на течност отоци вагата повеќе ќе покажува ама после пораѓај све ќе спадне
25+4 Досега 6,7кг имам ставено. Дозволено ми е до 15, но јас несакам. Моментално сум 82,7кг и огромна сум. Хормоните кои ги примав 4 месеци и лежењето сега ми наплаќаат, тогаш не се забележуваа, сега веќе да. Да сме здрави и живи, и јас не сакам, ама тоа е. Гинекологот ми вели во ред сум, јас не се бендисувам вака
Да, знам. Отоци уште немам ама сигурно нема без нив да поминам од топлото А си јадам, не дека не, само кога ќе се почувствувам најадена застанувам, не се прејадувам како што знам од сласт да правам
Јас повеќе би гледала од надвор како изгледам одколку вагата колку ќе покаже и тоа ти е добро што не се прејадуваш
Оваа бременост од стрес сум на коњ . Почнав со 74 сега сум 87. Ништо страшно за разлика од првата бременост кога почнав со 65 а завршив со 95.
Јас со килажата сум ,,грефче". Ја почнав бременоста со 63, па до 28 недела дојдов до 70. Потоа ми се појави гестацијски дијабет, почнав многу да внимавам на исхраната, и почнав да намалувам со килограмите. До пред две недели бев 67, значи три кила ослабната . Сега две недели сме преселени во Скопје, заради одржување на високо ризична бременост, и се немам мерено бидејки немаме вага во станот. Но, по моја претпоставка сум сигурно некаде околу 65 може и помалку. Докторка ми вика што убаво, само стомаче на тебе. Јас па толку работи ми се јадат, повеке би сакала слон да станав отколку што сум така. Како би кркнала сега еден бурек, ама не смеам, шекерот веднаш во плафон . Инаку и јас сум со хормонска терапија, утрогестан ставам уште два пати на ден, а пролутекс ставав до 25 недела. И постојано сум во кревет, освен до тоалет и до доктор. Но ете, исхраната си го прави своето или пак можеби таков ми е организмот.
Уфф ве читам вас и ви се чудам, јас сум 15недела и веќе 4кг имам качено. Почнав со 60, ама сум 157 висока . Никогаш немам јадено толку леб, сега доручек ми е 3 кришки, вечера исто. Кога ке направам смути исто ко да не сум јадена :/ овошје јадам, салати исто .. благо каснувам по 1 2 кришки крем ама на 2 3 дена :/ Дајте совет како да намалам зашто до крај ако идам вака мечка ке бидам
Доволно ти е да го замениш лебот со црн и смутито нема да те најаде тоа не е начин да внесеш здрави намирници во телото пробај све што ставаш во смутито да го изедеш наеднаш и гледај да јадеш на 3 саати барем по малце и да не се прејадуваш
Jaс со смути јадам 4 бевита крекери или шака јаткасти плодови (тоа стално гледам да имам дома) за доручек, ме заситува, па по 2-3 саати кафе си правам или нешто овошје земам за да не прегладнам.
26г.н + 5 кг незнам како ништо не се фаќа за мене а бременоста ми е таква што морам да лежам, само до тоалет одам. Хмм...