Со претходната бременост почетна 68 кила, на пораѓај отидов со 80, дома се вратив со 71 кило. После што ми се случи, може хормони, доење, дијабетот може остана не знам, ама качив килажа наместо да симнам. Дај Боже да не ми се повтори после ова бебе. Ќе треба стотка да надмашам
Слични сме, јас сум 1 недела помала од тебе, иста висина сме и само 1кг сум помалку здебелена од тебе тоа е, ќе се тркаламе, што да кажам. Демек внимавам, ама вагата не кажува така
Јас сум со гестациски.... не знам што да правам веќе. И хашимотото ми влијае. Со минатата бременост и трпев, па ако ми се јадеше лежев,мижев,одмарав. Е сега со малиов нема така.
Немам хашимото, но инвитро бев и до 4ти месец со хормонска терапија и лежење, за гестациски дијабет за недела-две ќе испитам. Се си има врска, во секој случај и пропратните болести исто така
Јас сум висока 1.80 пред бременост бев 63,64кг. Во петокот на преглед ме мереа 68 па ми намали на 67 сестрата и на секоја вага различно ми покажува, а за неколку дена влагам во 5ти месец. Некако ми дојде премногу а јадам вообичаено не претерано знам дека е нормално се ширам почна и мешето да се познава, но малку се плашам ако вака брзо качувам килажа
25г.н +2кг. Од секогаш сум била крупна па и бременоста ја почнав со натпросечна тежина (92), затоа внимавам колку можам што и колку јадам и секојдневно пешачам најмалце по 2км, за сега сум задоволна, дај боже и до крај вака да не качам многу, зошто не сакам како буре да се тркалам.
31г.н. +9кг. Кога дознав дека сум бремена бев 58кг, а сум висока 159cm. Сега сум 67кг. Јадам многу овошје и салати ама сепак килограмите се качуваат. Се надевам дека до 40г.н. нема да се поправам уште многу килограми. Поздрав членки
Да не случајно има начин за исфрлање течности од телото. Иако идам по сто пати во вц, сепак стомакот му се дуе како да сум 6ти а не 3ти месец. Ми тежи чудно. Сватив дека е од вода бидејќи во неделата не пиев многу и сватив дека не баш да ки се познава толкав стомак како што изгледа. Совет некој?
Пробај да зголемиш пешачење, не поради килажа, поради општо здравје, најмногу за срцето. Ако си во можност, полесно ќе ти е да пешачиш во неколку интервали во денот, никако да чуствуваш напор, но ако можеш 2 одеднаш полека зголемува, или пак иди 2 пати по 2 па додава. Полесно е за се ќќ, од спиење до пораѓај. И нема да се тркалаш, бремена си, ќе си дојдеш на своето. Само здрави да сме сите ❤️