Како мислиш со +1,5 кг. само бебето претпоставувам тежело повеќе од 2 кила.. А кај се плацента,плодова вода,количината на крвта .. малку чудно ми дојде
До кај 28 недела имав качено околу 4 кг, па скриен шеќер се покажа и уште повеќе внимавав. До крај не качував килажа и дури и подослабев, па на крај излезе да отидам на породување со +1,5 кг од почеток на бременост. Бебето се роди 3300. Дома се вратив со помала килажа од таа кога останав бремена.
Си читам коментари за да се пронајдам и тешко ми иде. Ама сите до една сме со прашалници, иако знаеме дека е секоја за себе Ама па утешно е да си споделиме нели? Јас пишав пред некое време дека телото ми задржува течности и тоа е сеуште така, но метаболизмот кај ми беше спор уште пред бременост, сега сум катастрофа. Јогурт, сливи, ленено... Џабееее... 15гн4д. Ја сум 62 од 57.5...реално за мене катастрофа. Со оглед на тоа дека до 30и некоја се поправате по 5 кг... Јас 30 ли ќе качам?? Јадењето пола од тоа претходно, овошје, овесна каша, салата, ручек. Толку сум. И џабе... Дали некоја од вас има искуство после некој месец да стагнира барем? Не ми е на арно ова... А и незнам што помалце да јадам... Воздух ❤️
Да јадеш што ти душа сака само повеќе оброци и по малку повеќе да џвакаш секоја е приказна за себе, зависи и од терапии кои се примаат. Има некои ќе се попраат 13 кила од кои 10 ги губат со самиот пораѓај им остануваат уште 3 да си ги средат со храна
@BeloMache не се нервирај, секоја е засебна индивидуа. И јас на почеток слабеев, првите месеци, од 4ти почнав да качувам до 5-6 кг. Заради скриениот шеќер веќе месец ипол сум иста килажа, редуцирана исхрана, со почести а помали оброци и тоа е. Битна е и почетната килажа, почнав со 76 и воопшто не ми смета што малку сум поправена, замисли да ставам 15кг, колку би ми било тешко. Доколку е некоја послаба и 15кг да е поправена и не и сметаат, не е тоа страшно.
Овде пишуваат само тие што можат да се пофалат со малку кг изгледа не дека нема и такви спротивно од слабеење во бременост
Се пријавувам со троцифрен број мерена пред пораѓај. Секако дека со двоцифрен број ја почнав бременоста.
Ете не се сите слаби. Да не беше шеќерот кај мене и јас ќе бев троцифрена бројка, да не се лажеме. Гурман сум, тестенини си сакам и многу овошје.затоа и природно не спаѓам во слабичките Сега сум гладна, и нонстоп правам список што би јадела одкога ќе се олеснам
Јас така си правев списоци во глава за после царски. Јадев се, не бев на диета како тебе, а вечерта пред да отидам во болница јадев нешто лесно. Будалче. Додека имав катетер што ти не ми се пријаде. Нареден пат убаво има да се најадам па тогаш ке легнам да го вадат. Кога ме виде докторката која ме породи ме праша зошто сум толку ослабена а јас бев дебела. Замисли си колкава сум била во предродилна.
И ти си била, интересна, слично сме размислувале Ааа пред пораѓај така би си апнала еден амбургер. Па што сака нека биде. Дома си знаат со што да ме пречекаат, кога ќе се вратам
Јас почнав со многу - 80 кг на 174 висока. До 25та бев +10, па стагнирав, па сега 32ра сум +13.. последниве 2-3 недели качив 3 кг. До крај очекувам уште 5 кг.. ништо чудно и троцифрено да фати.. Едно време бев преокупирана со килажата, после сфатив дека до мене е да пазам - да се хранам здраво. Многу ми задржува течности телото, па исфрлив сол. Тестени скоро намалив - сама си правам леб без бело брашно и без квасец, тестенини јадам интегрални. Џабе - килажата иде горе. Се надевам дека после пораѓај ќе ми се потсредат хормоните, ќе исфрлам задржана вода и ќе вратам барем почетна килажа, па после ќе намалувам вишок.. @MilaSs12 се поистоветувам со тебе, кажи ти како после пораѓај?
31,2 г.н почнав со 49 сега сум 60 :/ страшно. П.С морам да кажам нешто што го забележав во групата. Има неколку што пишале дека после 30 (така нешто беше не се сеќавам убаво) дека биле со иста килажа и не качиле ни кило. Ха, ма немој, медицински не е возможно тука спаѓа плодовата вода, плацентата, задршката на вода,градите, бебето! Така да...
После пораѓај не можев уста да отворам. И тешка храна избегнував ради запек. После некое време се вратив во нормала. 1 година после пораѓај и уште сум дебела. Во болница изгубив 10 а можеби и 20 кг. Бебе над 4 кг, постелка, плодова вода, отоците ми спаднаа уште на интензивна, со царски сум породена. Јадев само плазма и јогурт. Кога излегов бев видно ослабена. Сега јадам како луда и дебела сум. Среќа двоцифрена бројка е сега. Се надевам.
Има ли некој што слабее во бременоста??? Јас сум со шеќер и слабеам ради диетата, страв ми е да несе случи нешто