Те молам ако не ти е проблем да пишеш какви и колку оброци вклучува еден твој ден? Знам дека си со гд, но и дека последниве 2 недели строго лежиш, па браво за не само некачување на кг, туку и намалување
Јадеш ли овошје заради шеќерот? Јас се мислам од благо се здебелив пошо друго се си јадам најнормално, само благо јадам премногу и не можам да не јадам во денот. Шеќерот низок ми е обично, може ми бара организмот. На гладно 3,5. Гестациски немам. Овошје исто јадам многу. Плус околу 7 кг сум, 27 недела од утре (не сум се мерела деновиве ми снема батерија на вагата )
Magneziumot go namaliv samo sabajle go pijam, ko demek navecer od toa fakja dijarea, a gledam mnogu lugje vikaat ima virus se nadevam ne e od toa.
Овошје јадам но во ден само по 1 овошје обично е една праска, 1 круша или 1 зелено јаболко. Може и воопшто да не изедам овошје. Вода минимум по 3л дневно пијам, нооонстоп шише вода имам до мене, и навечер пијам вода, и нонстоп мочам, не ми се пие но ендокринологот така инсистираше. Благо не сум пробала ништо овие 2 недели. Леб може да јадам само 1 во ден и тоа 1 парче, или ниеднаш. Оброци имам 3. За доручек овесни снегулки со вода и еден цел тањир краставици со малку сирење. Ручек обавезно нешто готвено (свекрва ми готви мусака, полнети пиперки, компир ми вари, црн грав имаше пред некој ден манџа, летна манџа, кисело млеко може пола канче да изедам) со ова обавезно краставица и патлиџан пооолн тањир јадам. Вечера ми е полесно нешто, обавезно зеленчук, може и пиперка, тиква и модар патлиџан на кругчиња печени во релна, и тоа ми е. Ми се јаде, не да не. Обично на 5 часа јадам, ставам инсулин и јадам, гледам саатите да не ги скокнувам. Криза знае да ме фати од 16-20ч за ужинка, затоа кај 18-19ч јадам 1 праска, и чекам 2 часа да поминат од неа па да јадам. Многу ми беше страв заради лежењево како ќе биде, но забележав дека рацете можам да ги соберам во бокс, ги снема вишокот течности изгледа, синоќа се измерив и видов 80кг на вагата. Бременоста ја започнав со 76. Се чувствувам олеснето некако. Не ми го земајте одговорот баш за релевантен вие кои немате гестациски дијабетес. Заради него ова ми се случи. Инаку ќе бев во овој период 95кг, си се знам јас колку си јадам
Браво девојко. Алал да ти е. Јас почнав со 80, накај 25-30та стагнирав и сега само иде нагоре.. веќе сум 95 кг, полна 33та недела. Вака не се осеќам тешко, напротив, се си работам, се си правам, шетам, лесно ми е.. се гледа дека сум поправена, ама дека се 15 кг никој не би рекол.. се надевам нема да смета на пораѓај, па после ќе си се вратам во колосек
Само со лесно да минеме сите, не знаеш колку ми се јадат моите омилени работи, цела листа направив што да ме чека после болница кога ќе се вратам Штом тебе не ти е тешко движењето, и не ти се познаваат тие 15кг, не се секирај. Битно е како се осеќаме со својата килажа Ајде уште малку остана, потоа нема ни да имаме време за јадење, а јас се силам сендвичи ќе сум јадела
браво. Сепак не се дебелееш ко шо имаше пишано Си порачав вага, требаше пред да го почнам режимот ама, и овака е ок. Знам само дека сум издишана.
+5кг сум од почетната. Ама почнав со прекумерна тежина 81кг. Па ослабнав на 79 со лошењето и сега сум 85. Си давам фора уште 5
И јас останав со прекумерна тежина бремена. Сега сум 19 недела и до сега имам качено 2 ипол кила. Искрено јадам и пијам што ми душа сака. Вода пијам секој ден по 3 литри. Притисок низок. Е сега бидејќи сум на патолошка и не одам на работа, гледам да си најдам некаква активност за да бидам активна. Претежно по дома, домашни работи и низ двор. Ми се случува понекогаш да ми се слоши или заврти и морам да одморам. Практикувам еден час активност, еден час одмор.
Јас баш вчера бев кај мојте на кратко на кафе и кога рече благо ми се пријаде абе мислиш раце ми се тресат ...викам леле што е со мене до толку...А дома дојдена од доручек најадена напиена мислам само на благо жиеам и ја ко тебе
Невозможно да јадам помалку од претходно, а килажа за 1 месец 3.5кг. Од почеток до сега +5кг, 17+5гн. Инаку од 8мо одд сум иста килажа 57 +/- 2кг. Стварно незнам дали е во ред ова.. Некоја со слично искуство за утеха? Поздрав и се најдобро ❤️
А зошто јадеш помалку од претходно? Ти си почнала со мала килажа и нормално ќе покачеш повеќе од тие што почнале на пример со 80кг. Има да тераш до 15+кг, јас би ти препорачала да се храниш здраво, во второ тромесечие јадела ти нејадела телото ти се полни со вода. Јас секоја недела по 1кг качувам, ама не се вардам, јадам здраво и не планирам да држам диети во тек на бременост,а се секирам секако сепак нема да биде лесно да се вратам на 59кг. Од 15та недела до 22та недела +6кг има покачено, бременоста ја почнав со 59кг.
27+4 г.н. Јас плус 7кг и многу ми изгледа, паника ме фаќа. Висока сум 168, бременост почнав со 72.5, сега сум 79.5кг Колку кг се ставаат последните 2-3 месеци? Да напоменам, не сум воопшто отечена, ама си јадам што ми душа сака (благо најмногу), исхраната ми е балансирана, ама си сакам и нешто тестесто да јадам (месено, пециво итн).. Леб избегнувам со ручек и вечера. Е сега гледам да не претерувам количински, зошто стрвник голем сум и ако не пазам барем на тоа ќе бев досега сигурно +15. Апликација според мојот БМИ ми вика до 12кг идеално би било, не сакам да го надминам тоа.
Не, воопшто не е до диети и слично, се стрвам и на крај одвај 2 парчиња пица пример. Не се пазам така, јадам секој ден овошје сабајле, потоа или тесто плис зеленчук, или салата. Ручек месо, салата, компир или манџа со салата. Ретко вечерам. Благо ми е претежно од овошјето, некогаш сладолед, но ретко и тоа. Значи горе доле ок сум... Ама ме зачуде дека 5кг за 22-25 недели, јас за месец ипол. Живи и здрави да сме само ❤️
За тесто и јас неможам да одолеам кифли, фокача, пица, пастрмајлија... Се нешто такво имам на мени во неделата, не јадам многу благо така да ете компензација За БМИ и мене ми дава толку од прилика, да се надеваме дека нема над 15кг до крај да идеме... Па и тоа ако се случи живи и здрави да сме, пак ќе кажам...иако не е сеедно.
Тие што почнуваат со помала килажа, ќе качуваат повеќе кг. Тие што почнуваат со поголема килажа ќе качуваат помалку. Второ тромесечие скоро повеќето е вода. Јас малку се опуштив, секоја недела 1кг, ама ќе пробам да сд стабилизирам бар 0.5 да биде секоја недела.
Јас почнав со 51 ама од повраќање ослабнав и до 12 недела бев 49 кг,a сега сум 52 кг во 18-19 недела. Некако како да ставив многу брзо