Одма се враќаат килата од повраќањето, јас исто 2кг симнав прв триместар ама одма ги вратив после, тоа се всушност течности изгубени и затоа одма се враќаат.
Јас сум 37г.н и сум 11кг.+ Најмногу качив во 7ми месец од бременоста, во 8ми дали 1кг. И сега во 9ти ќе видиме се надевам дека нема да качам многу килограми. Бременоста ја почнав со 58кг. а сум висока 159цм. Поздрав и уживајте! Килограмите до некаде и не се толку многу важни. Важно е бебето да биде живо и здраво.
15 недела- 63 кг. Останав бремена со 63 кг, кога ќе се најадам убаво може до 64 да се качи и пак се враќа на 63 кг.
Јас бременоста ја почнав со 64, сега сум 6ти месец имам 70, а висока 1.80. Јадам умерено и релативно здраво. Само ме уби тоа што не вежбам, дур бев активна супер ми беше. Идеме јако после пораѓај
леле бе колку малку качувате како така , значи не ми е јасно 23 недела сум 9 кг скоро 10 имам качено а јадам умрено исто каки порано можеби и помалце незнам стварно како качувам толку многу ..
Ич нека не те плаши све ќе намалиш после пораѓај, башка бебка е најбитна И јас се секирав дека качувам и свекор ми во еден муабет ми рече лелее ама си себична, ( дека сум гледала да не се здебелам а не сум го ставала во преден план бебето) и толку криво ми падна што повеќе за килажа не сум спомнала колку сака нека покажува вага ќе имам време да намалувам
Јас во бременост влегов со плус 6кг вишок од мојата нормална тежина, па дури и овие 7 што ги имам сега качено ми изгледаат многу. Почнав да ги качувам од 13недела. Ако си останала бремена со нормална килажа или ако си била ептен слаба не се плаши. Јади си здраво и умерено, тоа е најважно, и бебе да си напредува убаво.
Јади што ти се јаде, биди задоволна и среќна, сите знаеме дека храната насмевка ни измамува. После ќе му ја мислиме
Епа и ја сум +16кг 34гн Не ми веруваат кога ќе кажам дека имам толку качено. Ама почнав со мањак. Сигурно со +20и нешто ќе отидам на пораѓај
Тоа и јас го зборам цело време се додека е почнато со нормална килажа дури и помалце нормално е да се качат 15+
Само се да е како што треба со бременоста, јас пред да останам прв пат бремена се секирав стрии,целуит,дебела да не бидам, да вежбам фит мама да бидам ама кога видов мака дека имам прво нешто кога ќе видев тест си викав само да му чука срцето ќе бидам и дебела и со стрии само да е добро
Исто. Само ми зборат мачкај се стрии ќе имаш. Мене последно паметот ми е во стриите и во мачкањето...мада на крај треба човек да се опушти ама не секој може
175 сум висока сега имам 70кг Мислам дека оваа килажа ми е таман некако. Се надевам ќе ја задржам и понатака не си се сциѓав со 54-55
Ептен си била слабичка, секако дека ќе симнеш - 6кг на пораѓај, па ќе си си таман. Јас не сум многу висока 1.65, па ќе морам на диета затоа што и јас многу качувам, а не јадам многу. Сега за сега не сум се вагала, ќе видам во четврток кога имам контрола, ама мислам дека сеуште изгледам тенка, ќе ставам и слика четврток.