Да па затоа накачувам за кога ќе ослабам пак да остане нешто. Те видов на сликите во трудници воопшто не ми изгледаш дебело или нешто. Мислам не ти треба диета. Од 7ми месец помалце почнав да јадам бар јас. Една порција и ме дуеше еве уште ми е така.
Можеби не изгледам дебело, ама вака полно никогаш не сум изгледала. Пред новата година имав 56кг, па заминав турција со мажот ми на одмор, во хотелот имаше бифе и многу јадев покачив +3кг. Со 59кг почнав бременост 22 недела +6кг, во четврток сум 24+1 па ќе се вагам, не знам колку имам покачено за две недели ама мислам +2кг, ќе видиме. До кај ќе му ја терам не знам хаха.
Jaс ти викам те мањачев тогаш Ремедика ко не знаев дека си била ти (ко чекавме заедно)- слаба, висока и само меше на тебе а баш пишуваше тука тој период дека си +10кг, ама штом си била толку слаба пред да останеш трудна и 30кг да се здебелиш пак ќе си згодна Јас на пример имам мало меше, ама си се проширив во раце, нозе и бутови-така ми е распореден целиот вишок. Среќа па сразмерно е Повеќе изглеам ко здебелена него ко трудна. Важно ми е после пораѓај да се вратам на килажата што останав трудна, а тие 6кг вишок од претходно ќе ги мислам понатаму Девојки не се споредувајте со килажата со никого, многу зависи БМИ колкаво сте имале пред да останете бремени, а здеавјето ваше и на бебе е најважно од се.
Ќе видиш потешко ќе ти стане. Ама и користи време движи се што повеќе можеш. Еве јас во последно време јадам доручек после грицкам ручекот во 4-5 и толку не ми се јаде ...а претходно се утепував јадење бев гладна нон стоп. Ќе си видиш телото како ќе ти бара така... А и да, јадам обавезно салата 1 сад . Ако не јадеш почни и нема да ти треба диета
Мене па ти ми изгледаше супер си викам да сум и ја така облини да си имам Жени...која е некогаш задоволна од себе и изглед?? Иначе да, за мене грда и дебела трудница немало. Посебно ми се убави во 9ти кога ќе подотечат во уста образи румени нив може не им било убаво, ама слика и прилика за поглед
Ехее мала бев тогаш тек ми беше почнат стомакот да ми расте. А облини сум имала отсекогаш (повеќе долу него горе хаха) 168 сум висока и најмала килажа што сум ја имала од 7мо одд навака е 60кг. Ама на 65-66 сум се осеќала најубаво. Пред 5 години бев иста килажа што сум сега, ептен пуна, бумбар да не речам, па сега не се доживувам толку страшно уште А инаку и мене ми се најслатки во 9ти месец поготово со тоа трудничкото движење од лево-десно како клатење Е сеа кога ќе дојдам до тогаш иако сите други ми се убави во 9ти знам дека ќе се нервирам јас за мене зошто ништо од облека нема да ми стои убаво И кога ќе помине се мислам дека многу ќе ми фали мешето сепак
34 г. н. Имам качено 5 кг... Ама со скриен шеќер сум, качив до 61 кг и потоа почнав да слабеам од 7ми месец до сега...
Исто ама скроз исто сум. Тоа што викаш, помалце од порано јадам дефинитивно, 19 недела сум од денес, до сега качив 6кг. Лудо е ова, испаѓа до крај уште 20 дека ќе качам и на крај-кацааа..
од пред 6 недели до сега само едно кило плус , ама се осеќам како балон 25 та сум со + 6 , ама премногу ми се овие 86 кг
Предходна бременост почнав со 64, пред пород 81кг, за нецели 6месеци се вратив на стара тежина и тоа веднаш откако добив. Оваа бременост ја започнувам исто со 64 кг, се надевам нема да одам над 80, а и да одам не се секирам многу, да е во ред бебе за друго ич не ми е гајле.