Јас си се чудам сама на себе, а и луѓе околу мене. 38 недела 17 кила сум поправена, а многу минимално ми се познава освен што стомакот ми е доста голем на други места како дебелинава да не решила да оди. 170 сум висока ќе одиме на диета после пораѓај здравје за да се вратиме во нормала.
Пред бременост +/- 62 кг На пораѓај - 71, 72 кг Неколку дена после пораѓај - 65 кг Месец дена после пораѓај - 61,5 кг ( да дојдам до 57- 58 и сум презадоволна . 168 цм висина )
Рече исто и @Alishan30 и се породи. Магична е реченицава изгледа хехе. Ај да се надоврзам и јас 30 + 1 г.н поправена 4,3 кг. Мене рано ми е планирам уште да покачувам. Хехе.
И мене едно врапче така ми кажа, ама ја чекам да пише она Јас се качив на вага денес после 1 недела и стварно не ми е јасно како сум качила скоро 2 кила од пред 7 дена! Ме мавна 'дамла'... Плус 10 од почеток, а 32 г.н. од утре!
Same here Исто и со првото качував и сега 2 години ми требаа да се вратам на првобитната килажа со првото, со второ викаат потешко се враќа
Аиии Ванѓа сум станала...реков јас. Жени пазете што изјавувате Да не биде после еј абе чекај уште малце рано е...
Јас се мерам од 11та недела, сега сум 28 и сум +5, ама ставив неколку на почетокот со стимулациите и мислам дека сум многууу, се надевам дека ќе спласнам после пораѓај зашо повеќе ко подуена се осеќам Со првото инвитро исто многу се издував и ми требаа 6месеци да се вратам во нормала и таман се вратив почнав со второто Не се жалам ич не ги мислам килограмите, бебко ми е на прво место
Кога почнавте да се мерите? 11 недела ми вика докторот јади си слободно што сакаш, не ме мереле до сега. Јас знам отприлика колку имав па ќе видиме како ќе биде
Леле јас мислам дека многу брзо ставам оваа бременост,среќа па само во стомак ми се знае 57 кг сум 23 недела + 6 кг