И јас се мерам еднаш неделно, џабе си иде нагоре килажата. Денес 22н. Ја сум +7кг. Со оглед на тоа дека до 12 не се дебелее, а почнав со 58, по 3 до 4 кг месечно. До крај 25 ќе бидат гарант... Е тоа се вика дамла
Јас 15н + 5кг... а почнав со 81кг до кај ќе стигнам јас се плашам, изгледа до крај ќе се правам мечка Божана .. ме фаќа страв .. а точно е тоа дека последните месеци се зголемуваат килограмите??
Колку јадеш, толку ке качиш. Отоци се јавуваат последни месеци ама ако јадеш здраво нема да бидеш мечка, тоа сигурно. Жени со скриен шекер качуваат по 10тина кг па и помалку во цела бременост заради диетата.
Со првата бременост најмногу качував во период од 6ти до 8ми месец. Сега почнав со 80 и јас и сум +2кг, 21 недела. Умерено јадење, без брза храна..
Поздрава храна три основни оброци, многу овошје зеленчук измеѓу. Направи си распоред од сабајле што и кога би јадела. Нормално се во нормални граници без прејадување. Газирано, теста и фаст фуд смали или довдеди до минимум. Многу вода и тоа е тоа. Еве јас терам така 30 +5 г.недела а едвај 4, 4 кг сум поправена.
Ау не! Нека седи барем уште една недела внатре! (тоа што проверувам на секое будење да не ми пукнал водењакот е друг муабет )
15 недела и сеуште сум со моите 54кг. Си давам фора најмногу 15 да качам. Ќе биде интересно да се следи во темава како оди бројката нагоре.
Кога читам како некои качувате само по 6-8 кила до крај на бременост, просто се чудам на самата себе. До сега сум +15кг и стварно ми е доста! Се разјадов последниот месец, дека ми кажаа не напредува во килажа и од пусти страв само гнетам нешто
Кај мене засега немам качено килажа ама стомаков ми е како да сум 5ти месец а сум само 11та недела... Ептен рано е знам, што од гасови, што од дијастазот што остана од прва бременост..
Мене ми е прва бременост, па стомакот ми рипна уште во 8 недела, си реков кај ми е крајот до 9 месец. Ама еве го стагнира ептен малку ако пораснал до 15 недела. А и за кг сум истата, ама тоа препишувам на повраќањето.
Има посебна тема за нега на кожата во бременоста и појава на стрии. Јас користев Веледа масло па се префрлив на Еуцерин дека поефтино. Наизменично мачкам Еуцерин и маст од невен. Што и да користиш важно убаво да ја масти и хидрира кожата. Маслото на Еуцерин го користам на сабајле зошто не остава флеки на облека, додека со маста од невен се мачкам навечер и едно пола саат седам гола малку да упие пред да облечам пижами.
Јади си, пиле, само да сте живи и здрави ти и бебето. Килажа се симнува. Кај повеќето од нас што качиле помалку, било поради диета ради гестациски дијабет. Секоја чест на тие што се пазат без здравствен проблем. Ништо не е погрешно, се додека ти и бебето се чувствувате добро. Јас влегов во бременост со огромна килажа, среќа гестацискиот ме освести да не се угојам уште толку. Него @K7M10J @Izzy_0504 од вчера нешто болки ме фатија во долниот дел од стомакот... Ме удри во психа прогнозава ваша.
Па ако бе може на бебе му е време да излезе Кога си го враќам филмот сега, баш вечерта пред пукање водењак коментирав дека не можам веќе и дека тоа е максимумот што моето тело може да го издржи. Многу полесно се дише сега