20+ недела имам накачено 4кг, 50кг сум. Во првата бременост ослабнав 4кг во првите 3 месеци, а во оваа ниту 1кг немам ослабнато, а сеуште имам мачнини насабајле.
30+3 сум 10+, решив да не се замарам со кг кога ја почнав бременоста ама сега ми фуфка.. еве во 8ми влагам за некој ден а каде и 9ти месец
Зависи со колку си останала бремена, јас пред бременоста имав огромен вишок на кг. затоа се припазувам, не смеам мн да накачам.
Јас толку да имав, сеа ќе бев поправена 20кг до 24г.н. . Супер си, после ќе си ги симнеш, не јади навечер после 7, не пиј газирано, благо избегнувај и леб, и повеќе салати и овошје. Иако и јас си ги прекршувам овие правила понекогаш.
Исти сме со напредок во килажа, јас денес станувам избегнував да се мерам... вака не ми се приметува драстично пошо 180 сум висока и секогаш сум била 62 или 63кг. Мене најтешко ми паѓа тоа што ништо не ме собира од мојата гардероба Дај боже да се вратиме на стара килажа сите трудници
Не знам јас не сакам ни да ги пробувам фармерките, ќе се нервирам. Ај се надевам бебките ќе не држат во форма ко ќе ги родиме.
24гн+5дена и плус 7кг. Во првата бременост се поправив 16кг до 9ти, во 9ти не се мерев веќе. За 3 месеци немав ништо вишок, но сепак решив да внимавам овој пат на храна пред се ради здравјето на бебето. И на толку внимавање пак 7кила, но не ми сметаат. Тоа е што е.
Јас на почетокот неможев да јадам од мачнини и повраќање ама тоа што го јадев беше здраво. Сега некако ептен се опуштив последниов месец откако влегов во 7ми и само благо, тестенини, пици иако све домашно правено ама ми бара душа. Не се замарам колку качам толку јас мислам дека овие кила од бременост ќе ги симнам ама од стимулациите изгледа тешкоќе биде, плус подуена од нив
Ајде ајдее, мисли на бебето што треба да го родиш, остави ги кг. Можеби ете такво ти е телото во бременоста, склоно да качува повеќе. Сега ќесе среди по пород. А и да не се среди рацете ќе ти бидат полни.
Па така е бе срцка. Ете и јас во првата бременост качив 16кг, 5 год ми направи синот јас не се вратив на моите 59кг воопшто. Ама се тешев па ете син родив и растам, за него и мм и со 68кг сум убава, а и искрено убаво ми стоеа пошо сум си висока. Господ даде втора бременост, таа ја почнав со 68кг па еве 33 недела за некој ден 5,4 кг поправена. Не е секоја бременост иста, не секогаш телото исто функционира. Две бремености, едно тело а разлика голема. Тоа е, природата и женското тело се чудо. Откако влегов во 31 недела како програмирана по 400 гр неделно накачувам сега.
Во право си, секоја бременост е индивидуална, мене дека прво дете ќе раѓам и ново ми е се од мачнини кои впрочем сите трудници ги имаме, запеков ме уништи скроз, а со тежинава се носам сеа за сеа тоа е. За понатака ќе видиме
Сосема си во право, ама ние жени знаеш ем сакаме да родиме здрави прави деца ем да сме фит( што не е лошо ) ама пред се треба да не сме себични и да гледаме за новиот живот што го носиме во нас. А за нас после тоа ќе му ја мислиме
Да секако така си е, едвај чекам да си се дружам со синчето секој ден Само да се роди на времето, тоа е најбитно.