Eве што најдов на интернет Недела на бременост и добиени кг до таа недела: 12 - 1,5 / 2 кг 16 - 2,5 кг 20 - 3 кг 24 - 4,5 кг 28 - 9 кг 32 - 11 кг 36 - 12 кг 40 - 12 кг
леле од 36- 40 недела според ова ниту кг? Не е многу строго? Еве ви еден калкулатор кој ќе ви пресмета точно врз основа на Вашата висина и тежина пред да останете бремени. http://www.kidspot.com.au/weightgain/pr ... htgain.asp
На ова поле јас поминувам совршено. Ослабнав рамно 8 кг откако останав бремена до 13 недела, еве веќе една цела недела како немам ниту симнато, ниту качено. Ќе видиме како ќе се одвива понатаму, се наевам дека нема да се испозанесам!
ауууууууу......според линков сум надмашала 2 кила, а и како не би кога во последно време јадам на саат ипол, едноставно ме тера, неможам да се контролирам, прв пат во мојов живот тежам 58 кг, не сакам ни да помислам колку ќе бидам до крај
И јас јадам на саат и пол, ако не и секој саат. Ама под јадење подразбирам чаша јогурт, една рака малини после, па праска после, па еден чорбалак салата да не речам пола кило Сега нешто варени стекови со марула сум се разјала, како цезар салата, ама а ла Елена. Се е во тоа што јадеме и колку количински, инаку подобро е по помалку ама често.
Јас според табелата стојам одлично, ете 2 месеци немам ставено ни кг. Јадам речиси се, од благо до тестенини, но 3 пати на ден. Планирам да ја завршам бременоста со 75-78, а сега имам 70 и сум 19 недела, односно 5-ти месец.
ма според табелава сум топ, али бре у 8ми месец се надмашив- плус 2 кг.!!!! читав дека у 8 ми се ставало најмногу, ако е така ок, али ако не е, што ли ќе ме чека сега у 9тиов?!?! инаку еве во девети влагам со плус 9 кг.
Јас килажата исклучиво ја мера од сабајле, кога ќе станам после едно 10/15 минути, одам во купатило се средувам по сабајле, и одма потоа застанувам на вага. Еве веќе три дена 64,3 а 12та недела сум. Дури малку ми е и чудно што толку малку е....ама од др.стр. супер.
аааа и јас така од сабајле секој ден ако се ставам на вага навечер -плус 1-1,5кг ке имам инаку јас почнав да накачувам килажа во 16та недела, до тогаш си бев на исто.
Другарка ми е веќе влезена во 8ми месец и се на се има качено 8 кг. А тој нејзиниот лекар и се развикал како многу се здебелила, накачила многу килограми, да не јадела леб, да се ставела на диета и не знам уште што не. Сиротата плаче, се нервира. А нема врска. Воопшто не и се познава дека е здебелена. Воопшто и не е Какви лекари имаме
Јас денес ептееен се исплашив од вагата Почнав со 52 кг а сега имам 58кг. Навистина се исплашив...мислам дека не јадам толку многу колку што сум се поправила (на една иста вага се мерам)
Леле и јас бев исто,ама пиев Б комлекс,а тие дебелеат,за првите 4 месеци јас се поправив 6 килограми,стигнав до 16,сега сум 9-ти месец,со тоа што колку се поправив до 7-ми месец на толку и останав,некој пак се поправа во 8 и 9-ти месец,се зависи од тебе и твојот организам
Јас изгледа уште слабеам штом се немам пправено ни грам. Од 14-та недела стојам во место, ни нагоре ни надолу, вкупно 8 и пол кг откако останав бремена во минус. И сега мора нешто да оди во беблак, ама ете кај мене среќа жива нема. Не ми е мене колку ќе се поправам или незнам што, туку почнав со голема родилна тежина па среќа организмот ми е свесен и не прави глупости.
Јас почнав со 54, а висока сум 170цм. Пред една недела се мерев и оооопппп 60. . И јас мислам дека не јадам до толку(јадам исто како и пред бременост, само плус што пијам по една чаша јогурт на ден) за да бидам толку поправена, и освен кај стомакот и бутините малце не се гледам поправена никаде на друго место. И да напоменам дека уште си ги облекувам истите работи како и пред бременоста со исклучок на фармерките. И веќе не стапнувам на вага.
Eве ме мене, 27 недела 61 кило. Почнав со 58 но ослабнав првите месеци на 55-56. Значи генерално гледано сум се поправила околу 3 или 6 кила.. Не приметувам поправање на мене, се си носам исто, дури и фармерките од порано (само откопчани). Се надевам дека така ќе терам до крај.