Јас кога се мерам на сабајле 71, навечер 72.5. Добро е вака терам 10 дена, ама не знам до кога, почнав со 59 иначе. Јас со +20 да поминам до крај добра сум.
Не се замарајте со килограмите, после пораѓај одма ќе се вратите во нормала. Јас бев +12кг за една недела се вратив на истата килажа кога забременив. Е сеа стомакот е друга работа..
Ти си почнала со помала килажа и ќе накачуваш повеќе, тие што почнуваат со повеќе килажа качуваат минимум до 8кг.Знам ќе ти смета ама со време ќе почнеш да прифаќаш и да не се замараш. Не замарај се, џаба ти е пак ќе си накачуваш.
Во првата бременост само 8кг накачив. А сега 8 до 23 недела. Чудно ми е. А воопшто и не ми се толку познава, не знам кај отишле тие 8 кг.
35 г.н. +12 кг Во последно време на леб и пецива живеам што е зборот. До плус 15 најмн ако одам среќна ќе сум
Не ти прават киселини и тегоби во желудникот прцивата и лебот? Јас денес домашен бурек каснав само едно парче абер леле пукнав од киселини.
Ммм пецива, баш овој месец не можам без кроасани, крофни и такви работи Леле ко ќе замесам бурек со сирење утре, па ќе јадам со кисело млеко, мљац, кај ми спомна бегај таму. Чек јас зш немам јаки киселини? Да не биде ќелаво моево?
Некогаш да, некогаш не. А и најчесто сами си поминуваат, ако ме држат подолго ќе се напијам гастрогард, ама ретко е тоа. Ќе се изнапијам вода и по некое време поминуваат. Чудна работа. Незнам зашто организмот толку џанк фуд ми бара во последно. Што убаво си јадев манџички, супи, месо, овесни снегулки...
Ајде кај мене има уште бурек. Јас демек ќе каснам едно парче, абе леле ме изгоре желудникот. Печи леле мори мајко, се покајав што каснав. Е до толку ми е мачно значи. Немора да значи дека нема да има коса бебуш твој. Јас првата бременост имав мн мн повеќе киселини него сега па ми велеа коса растело на бебето. А тоа се роди оди оди влакно. Скоро па ќелаво. А пак сега имам мн мерак цуцата со коса да ја родам. Не ми има ништо спомнато матичната дали се гледа дали ќе има коса. Читав некои феминки имаа пишувано се гледало и тоа на ехо. Пусти мерак, онака ми е врзано во глава сакам коса да има хехехе.
Да мене и во 32 и сега на ехото, реакцијата на докторката беше: лелее колку косааа, а јас немам толку мн киселини Ај ќе видиме
Охохох,милина цуце со коса. Мн мн сакам јас. Ајде да видиме дали ќе биде така кога ќе си ја родам . Леле јас веќе почнав и да ја сонувам, па како ја раѓам,па боја на очиња каква и била. Па како изгледала (добро тоа веќе го знам од 4Д ехо). Леле чудо сме ние мајките.
Многу ме потсеќјаш на мене во првата бременост и јас така нагло качував кила. Ама ајдее само за убаво, може бебе буцко ќе родиш.
11 недела (според последната менструација), а 10 недела според мерките, пред да забременам бев 50кг. сега сум 53кг.
Јас на почеток ни грам не качував, до 17та недела негде. После бум, 4кг за 4 недели. Засега сум уште на +4, 22ра недела.