Браво @LivingGlam, згодница ❤️ Јас 12гн +4-5кг. Ако продолжам со ова темпо, очекувам 80кг до пораѓај.
А, не баш згодница, си накачив јас кг од хормоните една-две години пред ова, па со малку повеќе од мојата нормална килажа и почнав. Се трудам колку што можам да пазам, ама па и не многу. Важно ми е благото да го контролирам, од здраво ако накачам кг не ми е проблем, барем знам дека на душето не му штетам. Уживај бе, за нас ќе се секираме после породување. Бомби ќе се напрајме. Сега тие се важни.
Бомба со јадење кај бомбата не се станува. Благо речиси и да не јадам воопшто, ама затоа пак тестенини, пици, тостови, помфрит, кашкавал и ко да немам видено.
Најнормално е тоа во прво тромесечие. Од се' ти се гади освен од глупости. На Фло форумот ги читав, повеќето се/сме само на јаглехидрати во тој период. После веќе кога можеш се' да поднесеш, полесно е да се храниш здраво. Ама па тогаш и кг полесно се качуваат.
Нека прости бебуш ама пред да останам трудна си замислував дека многу здраво ќе се хранам и ептен ќе внимавам на исхраната аха виц. За сега среќа или несреќна ќе ми се одбие од глава во последните недели осеќам имам само 1,5 кг качено. Ама после 7 месец највише се плашам. Сега ја тераме 21 недела.
Јас останав бремена со 48 денес се мерев 54,5 кг , а сум 28+4. Само стомак имам се надевам ке си се вратам на 50кг
Кај мене кг мислам се вака заради повраќањето што сеуште го имам Иначе сигурно ќе бев поеќе , како што имам апетит , ама и со првото 8 и 9 стаив сета килажа 15+ почнав од 6м да кревам , и не повраќав вака ко сеа тогаш запрев до 5м , ама не се ни познаваше на мене дека сум 65+ почнав со 52кг некаде и не се ни приметуваше , и одма ги изгубив се врaтив на мојата после породување ..
Со колку + завшри ти? Колку го роди бебче? Мене се ми оди во стомакот, градите и задникот. Отоци немам, може буцко ко маж ми хаха тој е 1.92 и има поголемка глава. А и самата природа те спрема да можеш да го издржиш мајчинството во првите месеци, искрено сега повеќе енергија имам од претходно. Претходно без животно некако нжбез енергија бев. Се надевам само ќе имам млеко за бебчето, ти имаше ли?
Не прашувај аман. Хехехе. Се шалам. 16 кг имав точно плус. Се породив 41 недела. Бебе 2800 гр. Млеко имав мн мн малку. Сега се надевам дека барем малку поголема ќе биде момата. Претстава немам колкава е сега, не ја мери матичната на секоја контрола. За 2 дена 36 недела ќе бидам.
Дали беше малечко за држење во раце на почетокот? Имаше ли страв? Јас искрено сакам помало бебе да родам, полесно за пораѓај, ама генетски нема шанси подолу од 3500 да е.
Мало, слабо,ама долго. Не ми беше страв воопшто. Јас имам мерак сега една буцка да си родам, оти претстава си немам за килажата на момата.
Здраво, дали ви се има случено во 8ми месец да губите на килажа? Дефинитивно мислам дека нешто не е во ред со мене.
21-ва недела, -9 кг до сега. Со третава бременост изгледа шланг ќе одам на пороѓај. Со првото изгубив 8 кг, со второто 10, а сега целта ми е -15 до крај. Да се разбереме, јас сум со 30 кг во плус. Не смеам да се поправам ни едно грамче од здравствени причини. Жива гладна сум, ама тоа е.
36 г. н јас поправена 6,6 кг. Стагнирам веќе 2 ипол недели во килажа. Ама мешко само напред и напред оди.