Тука сме некаде јас 26 и точно +3. Дури и неможам да поверувам, од секогаш мислев дека во бременост ќе се претворам во мечка
И јас исто мислење делам. Само уште е рано, последниве месеци да не надохнадам за сите овие. Мудро ќе молчам и се надевам нема да прекорачам повеќе од 12 кг до крај, тоа ми е како цел, се надевам реална.
И јас така викав па си го достигнав максимумот од 18кг плус од толку мука првата недела бебето што вриштеше и немав време за себе -13 бев муабетот ми е и да качиш одма ќе си ги симнеш
Јас сум 24г.н и сум скоро 6кг поправена. Гледам здраво да се хранам, мусли, овошје по 3-4 на ден, салати, брза храна еднаш во 2-3 недели, бел леб еднаш во 4-5 дена, само на благото не можам да одолеам. И така среќни, дебели и гладни
13 +2дена денес 69.2кг. Многу ли е? Бев 65. Склона сум да качам и се надевам најмногу до 75,6 кг ќе стасам. Пијам течности, овошје, зеленчук,.. Не движам многу засега, ама ќе морам.
Штом си склона, а и досега си качила 4кг тешко дека до крај ќе тераш со само плус 10 кг. Мислам дека тоа е можно само кај трудници со голема почетна килажа или кај оние што ептен внимаваат. Немој да се оптоваруваш со тежина, се слабее веднаш после пораѓај ако сакаш. Јас прва бременост качив 17-18кг, веднаш откако излегов од болница бев - 13, па кога добив менструација ослабев како пред бременоста.
37 +4 + 9 кг , овие месец дена сум симнала кило до две , може затоа железото ми паднало и со синко така бев пред пораѓај симнав 3 кг
34 + 4 јас сум +10 кг. Последниве 2/3 недели сум качила 4 кг, се надевам дека ке завршам со уште +3/4 кг. Никогаш во живот не сум имала повеке од 53, сега 58
Јас мислам се е до организмот, штознам. Еве јас сум 12+2 па само 500гр. Ако имам качено, а не ни повраќав ни ништо. Пред бременоста се хранев баш здраво, со мусли, овошје, зеленчук, леб само црн, но сега еве сакам само месени работи и си јадам можеби не премногу но сепак за мене и за мојата исхрана тоа е промена. Гледај сепак повеќе овошје, зеленчук да конзумираш и барем по 30мин дневно пешачење.