На крај бебето качува килажа, плус се полни телото со вода со отоци, овие килограми од 36 нагоре ќе ги немаш дур излезеш од болница.
Јас во понеделник сум на контрола за брисеви и ќе видиме колкава е, само мешето ми порасна никаде на друго место не сум поправена. Искрено позгодна сум од пред бременоста
35+ гн. +12-13кг, зависи од денот. толку сакав да бидам до крај, ама изгледа ќе качам до 15кг до пораѓај.
Незнам како си претходно со килажа но послабите девојки нормално е да накачат 15-20кг. Тие што се покрупнички ќе поминат со помалку кг. Како и да е сите после пораѓај ќе си се вратиме во форма важно е да имаме здрави и прави бебиња
Спаѓаш во групата на послаби така да не грижи се и до 20-20+ кг да стигнеш ќе ги спуштиш после бременост И јас сум послабичка и ако успеам до 15кг да стигнам е супер али и повеќе да се не му се секирам
Нека се живи и здрави бебчињата, другото не е битно, ни килограми, ни стрии... Секој организам е различен и различни потреби има, се ќе си дојде на свое место.
Lele jas sum 52kg, mnogu bi trebalo da kacham ? 13ta nedela sum krajot dosega ako imam 500gr najveke kacheno
Не мора да значи, јади повеќе пати дневно во помали количини, сокови, грицки и благо замени ги со вода, овошје и зеленчук. Не јади доцна навечер или ноќно време, движи се повеќе. Ама секако ако ти одговара овој режим, ама не се лишувај од ништо и не стрвувај само за да не се поправиш многу. На пример мене и постењето многу ми помага.
39та недела задутре, покачив 20кг. Е сега веќе му е крајот нема повеќе да покачувам. Почнав со 59 сега имам 79 па ќе видеме како ќе биде после породување. Неизбежно беше верувајте од 16та недела ко почнав да си ги редам секоја недела по килце. Немаше врска дали вечерам мрсно навечер или само банана јас пак си качував и решив со се да си се хранам и да не останам пожелна за ништо.
Се зависи до организмот но кај и да е веќе ќе почнеме да качуваме по малце Не се замарај, уживај во овој период и допушти си што ти душа сака И така се е стресно околу нас барем да ни биде убаво на душичката
Јас почнав со 54кг, 26 недела сум 58кг, ама реално по сите искуства од тука и околу мене минимум 15кг очекувам да качам, ако бидат толку ќе бидам пресреќна. Живи здрави само да ни се бебчињата.
Не се замарам искрено многу колку ќе качам, бебчето да ми е добро па друго се ќе се среди. А за исхрана и пред бременост се хранев здраво, благо, сокови, грицки воопшто не сакам, е сега само што почнаа повеќе некои месени работи да ми се јадат Али ќе издржам не е страшно си велам.